Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1613911 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4022
Има секој ден по 100тина ново заболени, пред две години за po два-три нови случаии сите дома седевме :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Да ама сега не еопасна, порано беше.
Dur ne priznat shto praea kje drvime. ;)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Не е короната умрено? Или ја не сум информисан. Уште ли ќе го дрвиме?
Го одржуеме у живот :) пошо едното од полињата на кои се тепавме го укинаа, второто не е интересно, на третото Стратео загина...и то ;D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Сакаш да кажеш, дремете сите пред компјутер и никој не работи а џандарите пак ви криви...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Не дремеме, чекаме на леш :D

Отсутен stanzli

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 143
Другари препорака за гастроскопија каде кај приватниве да одам, ме се издржува со желудникот више.
Тнх

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Систина. Проверено пред скоро време.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Клабери, ај малку помош...

Се работи за лице со карцином, потребен е апарат за кислородна поддршка.
Сакав да прашам, да не има некој од вас да не му е потребен, да сака да го продаде по некоја по прифатлива цена?

Благодарам.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Има ли некој користено електрична четка за заби? Да сподели искуство од модел, бидејќи ги има безброј модели.  :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Јас користам од пред 4-5 месеци, претходно бев скептик некако, ама се решив кога беше црн петок да земам нешто на попуст.
Сакав да земам Philips Sonicare Protective clean, но се распродаде кога беше со убава цена, па барав алтернатива.
Читав коментари од корисници, и се решив за Lächen. Не можам да споредам со било кој друг бренд и модел, зашто првпат користам, но сум ептен задоволен и за цената се супер.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Другари/клабери, дали ви се имаат случено панични напади и ако да, како се справивте/справувате?

Некоја анксиозност ме јаде од есента, кулминираше со срање/паничен напад пред месец дена, среде возење на автопатот после Хотел Македонија накај Велес. Едвај извозев до Велес, а тргнав за Штип да се враќам. Мислев дека е готово со мене, ќе ми се стемни и ќе ме најдат починат во третата лента.
Тахикардија не знам колку, јас глава сечам дека ми беше 200. Раце, нозе ми трпнеа/вибрираа како во струја. Од три ленти, само мојата ја гледав како во тунел и толку. Ме фати жештина, сите 4 прозори ги отворив.
Му звонев на татко ми, го слушав како од далеку. Ми вика Паркирај се и смири се, мислам дека да се паркирав немаше ни да тргнам пак. Само Господ знае како извозив до Велес, цело искуство со возење години излезе на дело (во смисла пазење да не ме собере некој на автопат, давање гас, кочење, менување брзини, дури и жмигавци давав).

Само штом видов други коли/луѓе влегувајќи во Велес кај кружниот - се потсмирив малку, мислев дека ќе пројде, ама сепак отидов до болницата. Ми направија ЕКГ, 110 имав на релативно смирен. Дежурниот интернист рече класичен паничен напад по тоа што му раскажав. Верапамил ми дадоа интравенозно, не ми ставија ништо за смирување дека возев.
Што е уште посмешно - не успеав да се вратам до дома. Земав да возам, стигнав до депонијата и осетив како пак ме фаќа тахикардија и трпнење - и се вратив до Лукоил. Ваљда превише бев исплашен да не ме повтори, дојдоа стариот мој и зетот да ме "земат" од Велес т.е некој да се вози со мене.

Минатата недела - исто. Во возење од Скопје накај Штип, исто навечер, само што не бев сам, туку со девојката. Почнаа исти симптоми, она ме смири за кратко со муабет (нормално, знае за сѐ што ми се дешава во животов). Да бев сам - ќе ме повтореше.
Да напоменам дека претходниот ден се враќавме денски - ништо немав.

Од првиот напад како да ми остана страв да возам сам надвор од град, посебно навечер. Никогаш до сега сум немал проблем со возењето, можев да извозам сам до Пекинг (така е зборот). Сум се возел сам по секакви патишта, по секое време и во секој дел од денот знам да возам.

Почнав да размислувам да си посетам психилог/психијатар.
Ме уби анксиозност/депресивност од ноември лани. Како да станав хипохондрик, милион испитувања направив од есенва (некои сосема оправдани, некои не баш):
- Гастроскопија (веќе трети пат за 7-8 години, имам дијагностицирано кила на желудник + рефлукс).
- ЕКГ + ехо на срце/каротиди + стрес-тест. Поминато во најдобар ред.
- Две крвни слики, во ред.
- Испитани тироидни хормони/антитела (поради фамилијарни причини) - во ред се. Тука остана уште ехо да направам.
- IgG и IgM. Ниту антитела имам, ниту имав антиген (ова го правев исто после сомнителен контакт).
- Три теста за корона (сите негативни). Првиот заради сомнителен контакт, другите два во болница кога ме оперираа од слепо црево.
- Ехо на цел абдомен + бубрези (ова кога ми дијагностицираа воспалено слепо црево).
- Ми се лупеше кожата на главата и ми се правеше првут, многу. Два месеци што се не пробав, се додека еден искусен кожен лекар од Штип пред 5 дена не ми препиша кортикостероиден лосион + крема + Бедоксин. Дури и ме праша дали се нервирам нешто периодов, му личело на неуродерматит, хах. Како да му објаснам дека јас не сум јас со недели... Сега се смири кожата, плус првут скоро и да немам.

Кулминираа сите испитувања кога ме оперираа од слепото пред месец и кусур. Како да ми остана некоја траума од операцијата, многу брзо се случи се (ме заболе кај папокот во 22 вечерта, во 09 утредента ме внесоа во сала). Не ми беше процесирано целото можеби, па ме акна паничен напад после една недела од операција.

Почнав да пијам Деметрин (анксиолитик) пред три недели, имам уште три (се намалува постепено дозата).
Бедоксин си пијам + Магнезиум директ (оној со Б-Комплекс) + Ц-Витамин.

Сакам да споделам еден мал апдејт на пишуваново.

Летово извозев до Крф со мали напади на паника. Таму немав проблем со возењето, ама имав со анксиозноста (кога чекав за траект, кога чекав во гужва и тн). На враќање наваму ме фаќаше нервоза на патарините, ме фати паника на фри шопот...

После летниов одмор почнав со патување на работа до Скопје (1 недела on-site, 2 недели дома). Првата недела немав проблеми со возењето, ниту со анксиозност. Наредната "ротација" со возење до Скопје - се измачив од анксиозност и напади со тахикардија.

Некаде во ноември закачив корона (вакциниран) и иако помина прилично лесно - пропаднав психички. После прележувањето, отидов со девојката саботно до Скопје. Некако цело време се осеќав нелагодно додека се акавме низ градот, на враќање некаде кај Шарлота ме спука повторно тахикардија и класичното трпнење на рацете и нозете. После Миладиновци патарината морав да застанам 15-тина минути да се присоберам и тргнав некако назад за Штип. Нападиве со тахикардија не се случуваа стриктно на возење, туку некогаш и од чиста мира. Во возење беа сигурица. Се плашев да возам на подалечна дестинација, а само до лани бев спремен да возам до секаде, како и што сум навел во цитираниот пост.

Се прели чашата, морав да побарам стручна помош. Почнав да одам кај психолог Радмила во Виница, веќе 3-4 сеанси. Одам некаде на 10 дена. Секаква препорака за жената.
Не знам што да кажам, мислам дека сум 40% подобар. Полека почнав да применувам некои работи кои ги дискутираме и ме советува, секогаш кога почнам да чувствувам пак некои срања во најава - гледам да се потсетам на сеансите и мислам дека ми помага бааги.
Можеби многу доцна си побарав стручна помош, ама better late than never.
Уште не ми е сеедно во поглед на возењето, но барем не ме фаќа тахикардија кога возам за Виница, за разлика од првиот пат кога одев на сеанса. Анксиозноста ја намалив прилично.

Епа да се самоцитирам како мал апдејт, се надевам нема да се урочам.
Поминаа 2 и пол месеци од последната сеанса. Поминав 5 сеанси во Виница, секаква препорака за жената.
На последната сеанса спомнавме да отидам пак кога јас ќе почуствувам потреба.

Анксиозните напади, тахикардијата - ги снема некаде после 2-ра, 3-та сеанса.
Во возење, во секојдневен живот, при некои ситуации каде порано бев сигурен дека идат.

- Извозев бааги месециве, до било каде во МКД без проблеми.
- Откако почнав да ги имам, пред да патувам некаде, го мислев патувањето како ќе е уште од вечерта и нормално - сигурица ме фаќаа пред тргнување. Сега ништо од тоа. Почнувам да се облекувам, се спремам и тргнувам, каде и да е.
- Откако почнав да ги имам, ќе се деси нешто по пат и одма ме лупаше тахикардија. Пример - во неделата одејќи накај Битола, некаде после Росоман како да нагазнав на нешто (веројатно каменче) и стропа кај калниците. Се мислев дали се е во ред со таа гума, застанав после некој километар и земав да измерам притисок во гумата. Пред сеансите, при такви некои „интервенции“ на пат обавезно ме фаќаше паника.
- Исто во неделата накај Битола. Имаше протест помеѓу Неготино и Кавадарци и морав да се враќам преку Курија до Росоман. Лани на Крф ме фаќаше паника по некои такви забутани и непознати патишта, сега нема ништо.
- Возењето на отворен пат ми се врати како уживање со музиче и сега едвај чекам да возам накај Закинтос летово. Лани пред да тргнам накај Крф бев нервозен и скиснат.
- Ме фаќаше некоја нервоза и при возење на отворен пат навечер, сега е ОК.
- Во секојдневен живот, во одредени ситуации каде порано ме фаќаше анксиозност, сега нема ништо.

Еднаш или два пати проба пак да ме фати за сето ова време т.е се осетив дека пробува. Во главата си вратив што сме збореле со психологот - го запрев уште пред да почне.
Пак ќе напишам - се надевам дека нема да се урочам со пишаново, ама ете нека стои.

Единствено жалам што многу порано не побарав стручна помош и совет. Ќе си ги решев или намалев проблемите многу, многу порано.
Веројатно играше улога и што лутав кај кого да одам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Си имал страв да не те фати страв од стравот што би те фатил ;)
Тоа е тешка спирала, добро е што лесно си го решил проблемот.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Има ли некој користено електрична четка за заби? Да сподели искуство од модел, бидејќи ги има безброј модели.  :)
https://tradingshenzhen.com/en/sonstiges/xiaomi-sonicbrush-x3  е оваа ја иама, јадеа фекалии демек груба била не знам ти што не чинела ( ко ќе изгребиш со пластика заб да му се јават), од ко ја користам немам рсипано заб ( редовно одам на проверка). Изглејт дека немаат ќар од мене поќе зубаривве затоа не им чинеше хехе. а исто така еднаш во неделата користам сода наместо паста, 2-3 пати после миење ги перам уште еднаш со јаглен ( го има во дм) и еднаш правам дезинфекција со 1% хидроген ( 3% го разредувам). Ако користиш секој хидроген ќе изништиш све вута, и твоите бактерии, затоа еднаш неделно е доволно. можда и со 2 пати е ок, ама мене добро ми функционира со 1.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Другари/клабери, дали ви се имаат случено панични напади и ако да, како се справивте/справувате?

Некоја анксиозност ме јаде од есента, кулминираше со срање/паничен напад пред месец дена, среде возење на автопатот после Хотел Македонија накај Велес. Едвај извозев до Велес, а тргнав за Штип да се враќам. Мислев дека е готово со мене, ќе ми се стемни и ќе ме најдат починат во третата лента.
Тахикардија не знам колку, јас глава сечам дека ми беше 200. Раце, нозе ми трпнеа/вибрираа како во струја. Од три ленти, само мојата ја гледав како во тунел и толку. Ме фати жештина, сите 4 прозори ги отворив.
Му звонев на татко ми, го слушав како од далеку. Ми вика Паркирај се и смири се, мислам дека да се паркирав немаше ни да тргнам пак. Само Господ знае како извозив до Велес, цело искуство со возење години излезе на дело (во смисла пазење да не ме собере некој на автопат, давање гас, кочење, менување брзини, дури и жмигавци давав).

Само штом видов други коли/луѓе влегувајќи во Велес кај кружниот - се потсмирив малку, мислев дека ќе пројде, ама сепак отидов до болницата. Ми направија ЕКГ, 110 имав на релативно смирен. Дежурниот интернист рече класичен паничен напад по тоа што му раскажав. Верапамил ми дадоа интравенозно, не ми ставија ништо за смирување дека возев.
Што е уште посмешно - не успеав да се вратам до дома. Земав да возам, стигнав до депонијата и осетив како пак ме фаќа тахикардија и трпнење - и се вратив до Лукоил. Ваљда превише бев исплашен да не ме повтори, дојдоа стариот мој и зетот да ме "земат" од Велес т.е некој да се вози со мене.

Минатата недела - исто. Во возење од Скопје накај Штип, исто навечер, само што не бев сам, туку со девојката. Почнаа исти симптоми, она ме смири за кратко со муабет (нормално, знае за сѐ што ми се дешава во животов). Да бев сам - ќе ме повтореше.
Да напоменам дека претходниот ден се враќавме денски - ништо немав.

Од првиот напад како да ми остана страв да возам сам надвор од град, посебно навечер. Никогаш до сега сум немал проблем со возењето, можев да извозам сам до Пекинг (така е зборот). Сум се возел сам по секакви патишта, по секое време и во секој дел од денот знам да возам.

Почнав да размислувам да си посетам психилог/психијатар.
Ме уби анксиозност/депресивност од ноември лани. Како да станав хипохондрик, милион испитувања направив од есенва (некои сосема оправдани, некои не баш):
- Гастроскопија (веќе трети пат за 7-8 години, имам дијагностицирано кила на желудник + рефлукс).
- ЕКГ + ехо на срце/каротиди + стрес-тест. Поминато во најдобар ред.
- Две крвни слики, во ред.
- Испитани тироидни хормони/антитела (поради фамилијарни причини) - во ред се. Тука остана уште ехо да направам.
- IgG и IgM. Ниту антитела имам, ниту имав антиген (ова го правев исто после сомнителен контакт).
- Три теста за корона (сите негативни). Првиот заради сомнителен контакт, другите два во болница кога ме оперираа од слепо црево.
- Ехо на цел абдомен + бубрези (ова кога ми дијагностицираа воспалено слепо црево).
- Ми се лупеше кожата на главата и ми се правеше првут, многу. Два месеци што се не пробав, се додека еден искусен кожен лекар од Штип пред 5 дена не ми препиша кортикостероиден лосион + крема + Бедоксин. Дури и ме праша дали се нервирам нешто периодов, му личело на неуродерматит, хах. Како да му објаснам дека јас не сум јас со недели... Сега се смири кожата, плус првут скоро и да немам.

Кулминираа сите испитувања кога ме оперираа од слепото пред месец и кусур. Како да ми остана некоја траума од операцијата, многу брзо се случи се (ме заболе кај папокот во 22 вечерта, во 09 утредента ме внесоа во сала). Не ми беше процесирано целото можеби, па ме акна паничен напад после една недела од операција.

Почнав да пијам Деметрин (анксиолитик) пред три недели, имам уште три (се намалува постепено дозата).
Бедоксин си пијам + Магнезиум директ (оној со Б-Комплекс) + Ц-Витамин.

Сакам да споделам еден мал апдејт на пишуваново.

Летово извозев до Крф со мали напади на паника. Таму немав проблем со возењето, ама имав со анксиозноста (кога чекав за траект, кога чекав во гужва и тн). На враќање наваму ме фаќаше нервоза на патарините, ме фати паника на фри шопот...

После летниов одмор почнав со патување на работа до Скопје (1 недела on-site, 2 недели дома). Првата недела немав проблеми со возењето, ниту со анксиозност. Наредната "ротација" со возење до Скопје - се измачив од анксиозност и напади со тахикардија.

Некаде во ноември закачив корона (вакциниран) и иако помина прилично лесно - пропаднав психички. После прележувањето, отидов со девојката саботно до Скопје. Некако цело време се осеќав нелагодно додека се акавме низ градот, на враќање некаде кај Шарлота ме спука повторно тахикардија и класичното трпнење на рацете и нозете. После Миладиновци патарината морав да застанам 15-тина минути да се присоберам и тргнав некако назад за Штип. Нападиве со тахикардија не се случуваа стриктно на возење, туку некогаш и од чиста мира. Во возење беа сигурица. Се плашев да возам на подалечна дестинација, а само до лани бев спремен да возам до секаде, како и што сум навел во цитираниот пост.

Се прели чашата, морав да побарам стручна помош. Почнав да одам кај психолог Радмила во Виница, веќе 3-4 сеанси. Одам некаде на 10 дена. Секаква препорака за жената.
Не знам што да кажам, мислам дека сум 40% подобар. Полека почнав да применувам некои работи кои ги дискутираме и ме советува, секогаш кога почнам да чувствувам пак некои срања во најава - гледам да се потсетам на сеансите и мислам дека ми помага бааги.
Можеби многу доцна си побарав стручна помош, ама better late than never.
Уште не ми е сеедно во поглед на возењето, но барем не ме фаќа тахикардија кога возам за Виница, за разлика од првиот пат кога одев на сеанса. Анксиозноста ја намалив прилично.

Епа да се самоцитирам како мал апдејт, се надевам нема да се урочам.
Поминаа 2 и пол месеци од последната сеанса. Поминав 5 сеанси во Виница, секаква препорака за жената.
На последната сеанса спомнавме да отидам пак кога јас ќе почуствувам потреба.

Анксиозните напади, тахикардијата - ги снема некаде после 2-ра, 3-та сеанса.
Во возење, во секојдневен живот, при некои ситуации каде порано бев сигурен дека идат.

- Извозев бааги месециве, до било каде во МКД без проблеми.
- Откако почнав да ги имам, пред да патувам некаде, го мислев патувањето како ќе е уште од вечерта и нормално - сигурица ме фаќаа пред тргнување. Сега ништо од тоа. Почнувам да се облекувам, се спремам и тргнувам, каде и да е.
- Откако почнав да ги имам, ќе се деси нешто по пат и одма ме лупаше тахикардија. Пример - во неделата одејќи накај Битола, некаде после Росоман како да нагазнав на нешто (веројатно каменче) и стропа кај калниците. Се мислев дали се е во ред со таа гума, застанав после некој километар и земав да измерам притисок во гумата. Пред сеансите, при такви некои „интервенции“ на пат обавезно ме фаќаше паника.
- Исто во неделата накај Битола. Имаше протест помеѓу Неготино и Кавадарци и морав да се враќам преку Курија до Росоман. Лани на Крф ме фаќаше паника по некои такви забутани и непознати патишта, сега нема ништо.
- Возењето на отворен пат ми се врати како уживање со музиче и сега едвај чекам да возам накај Закинтос летово. Лани пред да тргнам накај Крф бев нервозен и скиснат.
- Ме фаќаше некоја нервоза и при возење на отворен пат навечер, сега е ОК.
- Во секојдневен живот, во одредени ситуации каде порано ме фаќаше анксиозност, сега нема ништо.

Еднаш или два пати проба пак да ме фати за сето ова време т.е се осетив дека пробува. Во главата си вратив што сме збореле со психологот - го запрев уште пред да почне.
Пак ќе напишам - се надевам дека нема да се урочам со пишаново, ама ете нека стои.

Единствено жалам што многу порано не побарав стручна помош и совет. Ќе си ги решев или намалев проблемите многу, многу порано.
Веројатно играше улога и што лутав кај кого да одам.
Е што? мене ми се темни децана ко ќе пошнат да пиштат ми идит првиот стуб да го башнам со макс брзина само да престане тој пекол. Ми дадоја едни апчиња ама ми праја други проблеми и ги фрлив, не ги пија поќе. Додуша сега ќе им се издера еднуш ко животно и ќутат, ама пред тоа ете европски, демек да не им викаш, да не ги тепаш...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Нека ти дадат апови за деците да се смират :D