Кога не се сретнале со проблем од ваков тип, нормално е и да не знаат што се случува.
Сопругата пати, односно патеше од потполно истата мака. Затоа кога
@balanar опишува, добро ми е познато како му е.
Вакво нешто се случува тогаш кога треба да ти е најубаво во животот, кога си најрастеретен психички и кога едноставно цела снага и организам ти се опуштаат после голем и долготраен притисок, стрес и нервози, било какви, кои се таложеле со години, можеби и цел живот.
Си побара професионална помош, примаше одредена терапија лекови, имаше потполна поддршка од мене и целото семејство, и иако беше долг и болен процес, се надмина, и еве, да не ја урочам, веќе година, година ипол си е супер.
Јас си знам претходно како беше. Се исуши, ослабе премногу.