@MartinAlfista - Ти благодарам на убавите зборови и поддршката, многу значат...
Лични се работиве, да, ама лично мене ми е подобро кога зборам за тоа. И претходно, пред да почнам да одам на психолог. Кога ми се случуваа паничните напади додека возам, ми требаше/барам некој да ме зазборува за нешто сосема трето. И поминуваат после кратко време.
Инаку за сеансите, дефинитивно не планирам да ги откажувам, еве и сега меѓу празниците си договарам термин. Денес бев на трета сеанса, ќе видиме колку ќе треба/колку ќе каже жената.
Ова со анксиозноста ми е проблем веќе подолго време. Се манифестира со тахикардија, некаква дупка во желудник чувстував (како пред испит), лошо расположение, панични напади додека возам (ова почна после паничниот напад накај Велес додека бев сам во кола (на автопат) и се пренесе тоа искуство на секоја меѓуградска вожња, во град немам никакви проблеми). Буквално уште пред да тргнам пример од Скопје за Штип во глава си го замислував патот, како ми се слошува некаде измеѓу двете дестинации и толку е со мене. Посебно навечер ова, во ноќно возење, а претходно уживав во истото, со музиче, абе уживанција ми беше.
Во ноември за време на и откако го прележав ковидов - ептен западнав психички, немав ни апетит (паднав на 81кг, нормално сум 85-86, моментално 84), нападите зачестија, бев збунет генерално во животов, како исплашено маче. Некоја фобија ми се направи од тахикардија, страв ми е/беше да се активирам физички. Сега пред некоја недела кога ги преместував летните/зимските гуми во/од подрум - абе 100 страва изедов уште пред да почнам со носење.
Некако и од некаде ми ја препорачаа женава и дека ептен е блиску Виница до Штип - ајде.
Јас сум презадоволен како се однесува со мене до сега. И од неа лично како човек, а потоа и од сеансите.