Пријавени четворица дома за вакцинација. Сите во исто време, пошто јас ги пријавував. За во Гевгелија.
Вчера и стига порака на мајка ми, 11.05. во 17.00 часот термин, во Кавадарци. Викам, ОК, ќе стасаат пораки за сите, ќе се товариме и ќе тркнеме до Кавадарци, и чао.
Денес му стига на татко ми порака, термин 10.05. во 19.00, во Кавадарци.
За мене и сопругата нема ништо уште.
Не се нормални. Различни термини, различни денови, а пат од 80-тина километри во еден правец.
Што ако и за мене и сопругата стигне порака за термин во различни денови? Ќе се возам секој ден до Кавадарци? Кој ги прави распоредите бе? По кој систем? А бе 200000 има пријавено, не можеме да се изорганизираме да се вакцинираме... Како се организираат Кина и Индија? Со магично стапче? Со телепортација?
Луда работа...