Aбе Дарт, со погрешни киворди си пребарувал. Пробај во пребарувањето на
hydroxychloroquine да му додадеш и
retraction, пребарај па види што ќе добиеш. И отварај повеќе научни сајтови, а помалку вакви политички/сенационалистички вести.
Касниш цели недели со „вестиве“. За ретракцијата знаат сите што ги пратат работиве, старо е повеќе недели. Дури и СЗО реагираше, а поспори од нив нема... Ти како пушачиве, еднаш се избаци еден драфт за никотин и сарс-ков-2 кој потоа веднаш беше негиран во peer review-a, ама пушачиве уште го спомињаат како ете цигари се добри за здравје.

Еве подетално, да не биде дека зборувам на памет:
https://www.cidrap.umn.edu/news-perspective/2020/06/authors-retract-controversial-hydroxychloroquine-studyСамите автори ја повлекле студијата, откако peer-ите им ги побарале податоците за review. Или наједноставно кажано паднале на peer review... Ете зошто кога ќе слушнеш некаде дека тоа и тоа истражување е peer reviewed научна студија, тоа значи дека други научници се обиделе да најдат проблеми и грешки во истражувањето/трудот, ама не ги нашле.
Да повторам, (хидрокси)хлорокин џабе е да се дава на тешко болни од ковид-19. Министрите како Венко кога го слушаат ПОТУС на вести може да добиваат инспирација да инсистираат на експериментални терапии со хидроксихлорокин, ама што со тоа кога имаат стручна подршка од „стручнаци“ од типот на Вело Марковски (сеедно што сега не е на функција, пошто некогаш бил)
Значи пак да повторам, џабе се терапии со хидроксихлорокин пошто вирусот е веќе размножен во телата на болните. Џабе е тогаш терапија за зголемување на внатреклеточна концентрација на цинк, пошто касно е за да се инхибира разможувањето на вирусот во заразените клетки... Повторувам, ама дали ме читаш?

Хидроксихлорокин треба да се дава на сите што се во рана фаза на болеста, сите што немаат проблем со срце (и уште неколку здравствени состојби). Во таа фаза ќе помогне да се спречи/инхибира размножувањето на вирусот. За што сведочат бројни научни студии... Peer reviewed научни студии.
Инаку хлорокин во секој случај не треба да се употребува кај болни од срце и уште неколку здравствени состојби, посебно во комбинација со азитромицин (сумамед бренд овде), пошто и двата лека предизвикуваат пролонгација на QT интервалот (тахикардија, забрзан ритам на отчукување на срцето). Заедно ефектот е повеќе од дуплиран. Само тоа се сајд ефекти, а ефикасноста на лекот (лековите) како терапија за ковид-19 е нешто друго.