За коцкарцките работи...
Иако не постои официјален податок за придобивките што ги има државата од работењето на коцкарниците, неофицијално се шпекулира дека во македонските казина и тоа, пред сe, оние што се во близина на граничниот премин Богородица, годишно доаѓаат по 550.000 граѓани само од Грција, кои трошат повеќе од 60 милиони евра.
За разлика од Македонија, во Србија се знае точно колку пари носат коцкарниците и што значи нивното работење за туризмот во таа држава. Приходите од коцкарниците во Србија чинат петтина од вкупната заработка во туризмот. Оваа држава во 2015 година заработила 2,5 милијарди долари од туризмот, од кои 500 милиони се од коцкање од странците. Заработката на игрите на среќа изнесува дури 20 отсто од вкупниот приход.
Kолку пари носат коцкарниците на Македонија не се знае. Познато е дека една лиценца чини 600.000 евра. Таа има важност шест години, а се однесува само на една деловна просторија. Но, трговското друштво што бара лиценца, мора на денот на поднесување на барањето да има уплатено основна главнина од минимум 2,5 милиона евра во денарска противвредност. Освен овие почетни средства, во согласност со Законот за игрите на среќа, приредувачот на игрите на среќа во казино секој месец плаќа и други надоместоци, и тоа по 3.000 евра за една рулет-маса и по 1.725 евра за секоја друга маса во казиното. Исто така, на месечна основа плаќа и посебна давачка во висина од 20 отсто, која се пресметува на разликата меѓу уплатениот и исплатениот износ од сите автомати, како и три отсто на разликата од уплатениот и исплатениот износ од автоматите на име здравствена заштита на сметка на Министерството за здравство.
https://bizniskatalog.mk/vesti/makedonija/kolku-prihod-nosat-kazinata-vo-makedonijaДа, можеби вработените се убиваат од бришење на апарати и паравани после секој играч, ама присутните редовно пијат (кафе, вода, алкохол) а до пред некое време и пушеа. А тоа со маска не се прави.
Има казина 3 на 3...
Do the math.