Види, пишав погоре... Ги пуштија од школо, за на голем одмор у ходник, да не бидат 500-1000, туку на баскет 10-15. По кафичи не е толку страшно ко на пример концерт на Аца Лукас. Пред зграда на клупа со комшиката и детето е далеку побезбедно отколку на каса у Веро ден пред Велигден. Не е дека треба да се затвориме по дома. Глупо е, не е логично и контрапродуктивно за општеството. Треба да се разграничи рационалното од нерационалното. Сега за сега, имаме можност со рационални мерки да го намалиме импактот од епидемијата (пандемијата) врз здравствениот систем во МК. Тоа не значи дека помалку лица ќе се разболат, туку дека нема да има шпицови со огромен број болни кои може да доведат до потешкотии во третирањето на критично болните, а со тоа и поголем број несакани последици и смртни случаи.
Италија, за жал мора да примени нерационални мерки, затоа што (одредени региони) имаат веќе сериозно опасни шпицеви. А бидејќи се „најстарата земја“ на „стариот континент“, односно имаат најголем процент (или меѓу најголемите) на лица со преку 80 години, они мораат да спроведуваат такви мерки како тотална изолација.
Од друга страна, Сингапур многу порано почна со ригорозни мерки во насока на спречување на епидемијата. Кај нив, застана на 100-тина случаи.
И немало тотална изолација, туку селективна, како и кај нас. Ние сеуште ја имаме таа шанса да изиграме паметно и да не се зае*еме, али кај нас балканскиот менталитет нема да ни дозволи да откажеме свадба, пошто за месец дена неестата ќе има мев до зуби, не можеме у банка и покрај тоа што има средсво за дезинфекција на раце, да ги дезинфирцираме, јер помадата на госпожАта ѝ е од скупите, и секако кога ќе се искашламе у кола, да си отвориме врата и да си р'кнеме зелен медаљон на асфалт.