Прво: Хомеопатијата употребува животински, растителни, минерални и синтетички супстанци во своите лекови.
Па што?
Сабина тарот на Амазон користи тарот карти направени од хартија и отпечатени со некаква боја.
Енциклопедии, исто така, се направени од хартија и боја.
Заклучок? Тарот карти не се глупост пошто се направени од истите состојки од кои и учебници и енциклопедии.
Се читате ли вие воопшто што пишувате? Какви се овие аргументи?
Растителните се добиваат од билки, не се добиваат од камења, нели?
Добро, и?
Основа на сите лекови се состојките првично од растенијата, од билките. Дури и оние најотровните содржат супстанци кои се користат во одредени лекови.
Да, и? На кој начин ова и дава легитимитет на глупоста хомеопатија?
Билките и бабите постоеле пред класичната медицина,
Да, и тогаш просечен животен век бил некаде околу 25 години.