Према твото восприемање на светот, каково мислење имаш за убедување, уценување и присилување на другите да се вакцинираат ?
Секој треба да биде вакциниран на секои шест месеци. Прележал или не. Сакал или нејќел. Ако нејќат вакцина, затвор, казни, проверки, следење на народ, Голи Оток, Гулаг, Северен Пол, Антартик.
@Van Да не ја должам. Кога пишташ видеа од американците/десничарите секогаш треба да ги напишеш следниве работи за да може некој што не живее во Америка да разбере за што станува збор.
- Што се професионални лобисти и лоби групи и како функционираат во Америка. Особено на државно и федерално ниво за избор од шериф, обвинител, судија, па се до претседател на нивната Федерација.
- Што се PACs и Super PACs и како се финансираат?
- Влијанието на PACs и Super PACs во лобирањето и донесувањето на закони.
- Како големите корпорации законски можат да основаат и финасираат лобисти/лоби групи, да финасираат PAC/SuperPac, и да бидат големи индивидуални донатори во една политичка кампања на било кое ниво.
- Како од една иницијатива со помош на овие погоре наведените прво во Конгресот, а после и во Сенатот, па на крај со Претседателот станува закон?
- Какви се ингеренциите на нивните министри (Federal secretaries) и нивната врска со лобистите, и овие од групите (комитети за политички акции... колку тоа советски звучи) во спремањето на еден закон.
- Колку пари легално течат во фондовите на кампањите за Општински Совети, Конгрес, Сенат и претседателските избори врз база на донации, ПАКс, Лоби групи, итн.
- Како целата оваа машинерија со индустрија, пари и милијарди е целосно легална во Американскиот Правен Систем. (Акцент на легална, а не на морална, етичка, правилна, или во служба на добробитот на човековиот вид).
Кога ќе ги напишеш и објасниш овие работи за овој перверзен систем кој доминира во светот (и моментално со целата своја сила и моќ пробува да направи војна во Украина), нема да имаш потреба да линкуваш ултра-десничар од Америка кој ги користи истите елементи (од погоре напишаните прашања) за да го “реформира“ тоа труло американско општество и замени со нешто друго по неговиот образ, лика и прилика. Кое НЕЗАЧУДУВАЧКИ изгледа речиси идентично како и сегашниот перверзен систем.
Ако го средиш ова како човек кој држи до аргументи, до информации, до објективност и имајќи ги сите факти и информации достапни до него тогаш ќе ти симнам капа дека знаеш што зборуваш и дека ја гледаш целата шума, а не само единични дрвја. Ама, едвај ли ќе се помачиш да ги сервираш сите овие информации пред да линкаш видео или изолирано текстче од некој друг.
А знаеш што е најжално: Што многу од Американците кои се главната цел на овие содржиние, немаат појма како функционира нивниот систем се палат на бомбастични видеа од О'Кииф.