Ај да ја разбудам темава.
Живеам во Скопје, на лична карта сум во друг град. Дошол џандар денес дома у родниот ми град, комшијата го пречекал (пошо никој не живее во куќата). Носел покана од МВР за одземање на возачка (пресуда донесена од суд пред 5 месеци за одземање на 3 месеци), но пошо немало никој дома, му рекол на комшијата кога ќе ме види да ми каже да ја однесам возачката во МВР. Поканата ниту примена од мене, ниту потпишана.
Пошо ненормално ми треба колата низ Скопје:
1. Дали да одам у родниот ми крај да им ја предадам возачката, или да возам така?
2. Дали знаете дали џандариве проверуваат дали стоиш на некоја листа со одземени возачки при регуларни полициски проверки?
Да дополнам: се работи за прекршок од 2013та година.. како ова не е застарен случај не можам да разберам...