АЈДЕЕЕЕЕЕЕ !!!!! Скратување на маките и нервозите од 24 септември!
Пејпал дојде во Македонија!Почнувајќи од 24-ти септември годинава и Македонија ќе може да ги користи услугите на најпопуларниот онлајн сервис за парични трансфери во светот, Пејпал.
Оваа компанија овозможува уплати, праќање и примање пари исклучиво преку интернет. Сè што ќе им биде потребно на македонските корисници е добро познавање на англиски јазик, валидна е-мејл адреса и платежна картичка.
По извршувањето на првата уплата, на сите останати веб дестинации понатамошните уплати за вас ќе ги врши Пејпал. Освен безбедно да се пратат пари на некоја друга личност, преку овој сервис може и да се плати некоја нарачана роба.
Праќањето пари е бесплатно и не подлегнува на никакви надоместоци, но примањето се наплатува за некои 1% до 4% плус фиксен надомест.
Праќачот на парите најнапред мора да се регистрира на Пејпал страната а потоа да префрли одредена сума на пари на својата корисничка сметка. Паричниот износ може да се префрли директно од тековна банкарска сметка или од кредитна/дебитна картичка.
........
Извор
http://on.net.mk/vesti/internet/pejpal-dojde-vo-makedonija