Автор Тема: Водороден уред.  (Прочитано 16203 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Водороден уред.
« на: 11 Март 2012, 13:21:59 pm »
Случајно на муабет со друштво се спомна дека во Скопје се монтирало и на дизел и на бензинец водороден уред.
Се дотурало само вода, самиот уред правел водород и го мешал со нафтата или бензинот така да потрошувачката била редуцирана - намалена за 50%.

Наводно по гасењето на моторот требало одма да го угасиш и уредот, црпел многу струја...

Колку е ова практично, му штети ли на моторот???

Комплет уредот и монтажата коштало 300 евра, атест не бил возможен, уредот не е дозволен од властите.

Е сега, јас ова напамет го правам муабетот од рекла казала, се спомна и изведувачот / монтерот на уредите, но ако Зеро дозволи ќе го спомнам и монтерот, кој патем е и пријател / партнер на карклуб.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Водороден уред.
« Одговори #1 на: 11 Март 2012, 14:51:57 pm »

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: Водороден уред.
« Одговори #2 на: 11 Март 2012, 19:07:44 pm »
Vo galerija ima dosta sliki.a dali ima zadovolni musterii?


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Водороден уред.
« Одговори #3 на: 11 Март 2012, 19:10:46 pm »
Кој има ставено вакво и кои се бенефициите?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Водороден уред.
« Одговори #4 на: 11 Март 2012, 20:42:03 pm »
I call that Bull Shit.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Водороден уред.
« Одговори #5 на: 11 Март 2012, 21:50:20 pm »
А да објаснеше малку  :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Водороден уред.
« Одговори #6 на: 11 Март 2012, 21:51:14 pm »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Водороден уред.
« Одговори #7 на: 11 Март 2012, 22:16:05 pm »
Само еден МИТ,не може да функционира кај поновите коли кај кои се оди преку ЕКУ-то
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Водороден уред.
« Одговори #8 на: 11 Март 2012, 23:59:33 pm »
vo spisanieto emiter delumno bese napisano za ova

"Почитувани,
Би сакал да ве замолам, доколку имате можност, да објавите статија за користењето на водородот како "помошно гориво" кај автомобилите со помош на т.н. ХХО генератори, во која ќе дадете ваше стручно мислење за тоа. На интернет има многу видеа и сајтови во врска со оваа тема. Еден од подобрите сајтови е "мој ауто на воду" каде што има детаљни објаснувања за тоа како да се направи ХХО генератор. Знам дека во претходните броеви имате пишувано за користењето на водородот како гориво, па мислам дека во тој контекст може да се дообјасни и користењето на водородот како бустер во согорувањето на фосилните горива. Мислам дека со тоа ќе придонесете за разјаснување на многу дилеми околу оваа тема за која се создаде голема фама и кај нас.
Исто така, ме интересира дали во иднина можете да објавите нешто и за мерачите на проток на течности (вода) како и за нивното баждарење. Во практика користам мерач од "Михајло Пупин" ЕМС-ИД, кој мери моментален проток во литри во секунда и вкупен проток во метри кубни и имам проблем со неговото баждарење.
Дане Митрев

"Водородните бустери" за мотори со внатрешно согорување, всушност, ја зголемуваат потрошувачката на гориво. Премисата е во тоа што автомобилот има резервоар со вода, која со електролиза се разложува до водород и кислород коишто потоа се користат како гориво, со што наводно ќе се намали потрошувачката на бензин. Но ова не е случај бидејќи енергетската ефикасност на електролизата е околу 70%, а електричната енергија потребна за неа се добива од алтернаторот или динамото на автомобилот, кој, пак, за својата работа црпи енергија од моторот на автомобилот. Во најдобар случај, преку водородот искористен како гориво се враќа само околу 50% од енергијата што моторот ја троши за процесот на добивање на истиот водород преку електролиза. Чиста загуба!
За оваа тема ќе подготвиме посебен напис во некој од наредните броеви, а ќе се потрудиме да подготвиме напис и за мерачите на проток на флуиди.
Александар Тошоски"
 - prevzemeno od emiter.com.mk.
moe mislenje  edeka ne mzoe da se sozdade enrgija, vo psotarite auta mozda se isfrlalo nesogoreno gorivo, ama vo ponovive tesko. ako ne e sogoreno gorivoto i ako se zapali vo auspuh ke puka, barem za toa sum siguren, barem koga vozev benzin i koga mi bea svekicite za menuvanje. a i benzincite nemaat katalizator... xD mozda dizelot pobavno sogoruva... ama 50% se mnogu a 70 premnogu. Najolem del od zagubata e vo toa shto oslobodenata toplina ne s eiskoristubva voopsto(osven za parno zimno vreme) e tuka odat 50-60 %, mozda vakov ured  bi imal nekoj 10% maksimum zasteda... ali ako iam nekoj staveno ne  e loso da pisi negovo mislenje...
 

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Водороден уред.
« Одговори #9 на: 12 Март 2012, 18:33:51 pm »
Браво за Емитер!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Водороден уред.
« Одговори #10 на: 12 Март 2012, 18:45:18 pm »
ОК, епа ај стегнете им пријава за измама на овие од hho.mk кои бараат 300 еур за систем...

Има маж? :D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Водороден уред.
« Одговори #11 на: 12 Март 2012, 18:53:31 pm »
ОК, епа ај стегнете им пријава за измама на овие од hho.mk кои бараат 300 еур за систем...

Има маж? :D
700 евра за мотори над 2000цц :(

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Водороден уред.
« Одговори #12 на: 12 Март 2012, 19:05:28 pm »
Епа сите натегнувате дека е измама, ајде можда ќе ќарите некој денар од тужба за измама.

Јас сум емпириски човек. Се знае. На Машински факултет...тест. 10л гориво - Х киломтери, 10л гориво + ХХО - Х киломери

Ако има разлика тогаш ОК, ако не, тужба и ајт создравје ;)

Отсутен kefi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 97
Одг: Водороден уред.
« Одговори #13 на: 12 Март 2012, 19:46:58 pm »
Па, ако некој има живци да се замара со судови, ова му е шансата. Сигурно добива, освен ако не е финансиски мотивиран од другата страна :>

За сите што мислат дека им треба доказ, проба или нешто такво. Ако уредиве функционираа, ќе чуевме. Еден куп закони на физикта ќе паднеа :))))

Отсутен Danco

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Водороден уред.
« Одговори #14 на: 12 Март 2012, 21:03:20 pm »
Можеби нема да бидам веродостоен, но (за скептиците) како е можно мотор од мерцедес њ210  од 2200ццм кој има мислам 70ксда троши повеќе во однос на новиот 220цди. Нели е иста кубикажа иста кола иста лимарија и т.н, или дали за производство на 1 кгр експлозив се троши идентицно количество на енергија колку кога истиот се произведува.
Можеби практичната примена во овој момент на овие уреди е нејасна и занемарена, но за тоа делумно се виновни и самите продавачи. Еве зошто, денес на интернет видов еден апарат кој се користи како лажач на електрониката од автомобилот. Тој електронски склоп е составен од 2 отпорници, 2 потенциометри, 2 преклопници и 1 куќиште кој ако имате малу познавање од електроника ќе ве чини околу 300 денари. На интернет цената беше од 1200-3000 денари.
Штета што државата нема многу производни капацитети за да се купат деловите и сам да си изработам еден (бидеј ќи генераторот е составен од повеќе разлицни материјали, неможам да ги пронајдам. И на крај проверив повеќе форуми, контакти, мејлови сите се прават стручњацни но никој не сака да го сподели знаењето (македонска работа).