Автор Тема: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)  (Прочитано 20554 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #60 на: 03 Март 2011, 14:29:51 pm »
Ама со различен бандаж е тоа. Важно собира 235ка гума со +-3% дијаметар, така да немаш гајле. Се собира.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #61 на: 03 Март 2011, 14:41:19 pm »
Шо значи тоа за различен бандаж. BTW, глеам сеа и некои сајтови за мојот модел пишуваат дека треба 205/60R16. Па сум во дилема. Секако дека повеќе ми одговара 60-ката дека е помека, ама е не-стандардна и е доста поскапа од 55-ката. WTF?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #62 на: 03 Март 2011, 15:07:11 pm »
Епа си пишал бројки со 15, 16 и 17 големина. Нас не интересира само со 16ка. Затоа ти ги пишав компатибилните за 16ка. Од стандардниот гледај на ТајрКалкулатор да отстапуваш меѓу -1 и +3% и добар си.
Значи 215/55/16 ти е поголем дијаметар и поширока. Таман во спецификации, 1.7% повисока од стандардната. Ќе ти стави 5,4 милиметри плус висина од асфалтот до газот.
А ако несакаш да ја дигаш воопшто ти останува:
185/60/16
205/55/16
225/50/16
Ако ја дигаш, ширината за еден сантим плус:
195/60/16
215/55/16
235/50/16

Јас би рекол повисоката е доста подобар избор за кај нас. Поубаво ќе ја пополни дупката, поголем конфор, поширока на изглед... И дава пола сантим повеќе воздух пред да се учука самиот бандаж во тротоарот. Значи и малку порелаксирано возење.

П.С. пошироки гуми е подобро на алуминиумски бандаж за да не ти се гребе од страна.

Ти што викаш? Кои идеи ти се моткаат?
« Последно менување: 03 Март 2011, 15:19:19 pm Deni »

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #63 на: 03 Март 2011, 15:24:19 pm »
поширока подобро ама ептен се разлика во цена 215 спрема 205 еве гојдо нека каже како беше односот ..... мислам дека 500 евра беа комплет 215 а околу 360 беа 205.....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #64 на: 03 Март 2011, 15:28:58 pm »
Може да е баш таа димензија да е терсене па да е скапа. Или да се прегледаат различни производители. Јас не сум барал таа димензија, незнам. 235/50 се наоѓа поефтино, таманка е!? Која е поефтина таа... ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #65 на: 03 Март 2011, 15:29:55 pm »
360 е 205/55, 440 е 205/60, 540 е 215/55. Пошо читам од сопственици дека 205/55 е фабричка димензија со која го купиле возилото, како и цената на другите димензии која е нелогично виоска, ќе изберам 205/55.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #66 на: 03 Март 2011, 18:36:48 pm »
360 е 205/55, 440 е 205/60, 540 е 215/55. Пошо читам од сопственици дека 205/55 е фабричка димензија со која го купиле возилото, како и цената на другите димензии која е нелогично виоска, ќе изберам 205/55.

Не е нелогично повисока, туку самата логика произлегува од тоа што тие димензии сеуште не се стандардни димензии за гуми. Затоа се поскапи...
Мене Conti SPC 3, ке ме коштаа 200 евра поевтино, ако земев стандардна димензија. Арно ама, пошто тоа си повлекува други работи (геометриски отстапувања, неточни исчитувања итн итн), земав препорачана димензија.

Ако 205/55 16 ти е стандард димензија, онда и 17ки ќе ти бидат у стандард димензија, т.е. поевтини.

А иначе, мене лично, различна големина на тркала напред и назад, ми е многу пацерска и несватлива работа, а настрана тоа што со сила и без потреба правиш нарушувања врз математиката на колата, па затоа произлегов со таква реакција :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #67 на: 03 Март 2011, 20:21:03 pm »
Чекам да видам уште со каква реакција ќе произлезе Иво Котевски, па да земам гуми.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5505
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #68 на: 03 Март 2011, 21:03:35 pm »
Чекам да видам уште со каква реакција ќе произлезе Иво Котевски, па да земам гуми.
???????????
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #69 на: 03 Март 2011, 21:09:13 pm »
Чекам да видам уште со каква реакција ќе произлезе Иво Котевски, па да земам гуми.
???????????
Па изгледа не сака да направи предвремен избор на гуми.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #70 на: 03 Март 2011, 22:04:14 pm »
Падна на провокација на Борјан од "И јас му го пушам на Велија".
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5505
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #71 на: 03 Март 2011, 22:08:01 pm »
Падна на провокација на Борјан од "И јас му го пушам на Велија".
Proveri post vo OZ bandasi, cekam odgovor od tebe.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #72 на: 06 Март 2011, 13:30:54 pm »
DENDE неделава ќе биде тука Александар, еден од газдите на Пнеуматик, па него ќе го прашам за цена. Прошнава недела беше на пат, затоа не сум ти пишал.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5505
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #73 на: 06 Март 2011, 15:36:08 pm »
DENDE неделава ќе биде тука Александар, еден од газдите на Пнеуматик, па него ќе го прашам за цена. Прошнава недела беше на пат, затоа не сум ти пишал.

Fala ti mnogu batica, vidi ko za tebe nekoja cena.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #74 на: 22 Март 2011, 12:20:49 pm »
Ете, и таа работа бидна, земав летни гуми Toyo Poxes C1S 205/55R16 и ги монтирав на новите OZ X-Line Power 16" x 7.5" бандажи. Немав можност да повозам повеќе за да можам да оформам мислење. Но прв впечаток по возење 4-5 километри низ центарот на Скопје ми изгледа многу покомотно, т.е. помеко, додека пак воланот некако полесно се врти при иста брзина. 

За овие гуми се одлучив, читајќи разно-разни стати, тестови и мислења. Цената им е сосема пристојна (т.е. релативно ниска) во однос на конкуренција, додека пак оценките во однос на перформансите, возните својства, мекоста и издржливоста,  според повеќе различни портали за тест на гуми се на врвот од она кое може да се најде кај нас.

Што се однесува до димензијата која ја одбрав. Таа е фабричка димензија за моето возило. На разни портали за 16“ се вртат две димензии, т.е. 205/55R16 и 205/60R16. Таа втората димензија е стандард за амерички пазар, додека првата е за европски.

Кога ќе имам време ќе направам некое сличе и ќе постирам во темата за бандажи. Овде ќе напишам само генерален впечаток од гумите. Штета што ја немав извозено и со други гуми за да можам да споредам и да дадам лична(субјективна) оценка за гумиве.
Ум шо идит отпосле не јет ум!