Автор Тема: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)  (Прочитано 20549 пати)

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #75 на: 22 Март 2011, 15:31:20 pm »
Ете, и таа работа бидна, земав летни гуми Toyo Poxes C1S 205/55R16 и ги монтирав на новите OZ X-Line Power 16" x 7.5" бандажи. Немав можност да повозам повеќе за да можам да оформам мислење. Но прв впечаток по возење 4-5 километри низ центарот на Скопје ми изгледа многу покомотно, т.е. помеко, додека пак воланот некако полесно се врти при иста брзина. 

За овие гуми се одлучив, читајќи разно-разни стати, тестови и мислења. Цената им е сосема пристојна (т.е. релативно ниска) во однос на конкуренција, додека пак оценките во однос на перформансите, возните својства, мекоста и издржливоста,  според повеќе различни портали за тест на гуми се на врвот од она кое може да се најде кај нас.

Што се однесува до димензијата која ја одбрав. Таа е фабричка димензија за моето возило. На разни портали за 16“ се вртат две димензии, т.е. 205/55R16 и 205/60R16. Таа втората димензија е стандард за амерички пазар, додека првата е за европски.

Кога ќе имам време ќе направам некое сличе и ќе постирам во темата за бандажи. Овде ќе напишам само генерален впечаток од гумите. Штета што ја немав извозено и со други гуми за да можам да споредам и да дадам лична(субјективна) оценка за гумиве.

Ако не е тајна по која цена ги купи гумите и од каде?
Мене ми треба истата димензија и тоа исто за Мазда но Мазда 3 :)
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #76 на: 22 Март 2011, 17:26:08 pm »
На темава порано е пишано од страна на Катанга. Ќе го бараш Боби 070 268-510. Ќе му кажеш дека си од форумов Carclub и дека контакт ти дал Кирил со Мазда 6-ката. Гумите ќе те коштаат 360 евра(со вклучен попуст од 15%) + 10 евра за балансирање на бандажи, ако не ти се балансирани(ко кај мене) + 10 евра за алуминиум/челик никловани чепови.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 534
  • drive it like you stole it!
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #77 на: 22 Март 2011, 20:47:43 pm »
Со здравје да си ги тркалаш и да ставиш слики да видиме како дошле на колата. И јас возев  на времето Тоyo (Т1R) исто од кај Боби, ептен е океј типот.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #78 на: 22 Март 2011, 23:17:39 pm »
Во темата за бандажи ќе ставам слики со новите бандажи. Еве ја гумата на бандаж:
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #79 на: 22 Март 2011, 23:20:26 pm »
Лајк, а утре да ја сликаш цела кола......

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #80 на: 23 Март 2011, 00:54:11 am »
testiraj i kazi ocenka za gumite zasto i jas treba da zimam ista dimenzija guma ... ok gojdo ? :)

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #81 на: 23 Март 2011, 00:55:35 am »
jas se mislam za vredestein sport track 3 sto ke kazes za taa ?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #82 на: 23 Март 2011, 01:30:54 am »
Треба повеќе километри да извозам за да дадам оцена. Генерално првите впечатоци се мошне позитивни. Возењето е помеко одошто со зимските, за мое големо изнедаување. Зимските се Michelin Alpin 195/55R15.

Не знам каква улога може да изиграат бандажите, но мислам и дека управувањето е многу подобро, поубаво врти колата, т.е. поубаво влегува во кривина се престројува и тн.

Инаку, ставив неколку слики во темата за бандажите: http://www.carclub.mk/index.php/topic,39.0.html
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #83 на: 23 Март 2011, 07:54:52 am »
Ај аирлија подновувањето и да даде Господ да си го довршиш и планираното, а сеуште не реализирано ... подновување ;)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #84 на: 23 Март 2011, 08:48:24 am »
Со здравје да си ги чкрипиш :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #85 на: 23 Март 2011, 15:54:32 pm »
Кажи ми, само гумиве, какви се на пипкање дали се меки ???

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #86 на: 23 Март 2011, 18:20:56 pm »
Правиот ефект за црн OZ бандаж мозе само во живо да се види и осети.
Супер комбинациј слична на мојата по марките на бандажите и возилото, Мазда 3 со Oz Canova black 17'
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Присутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5505
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #87 на: 23 Март 2011, 18:24:07 pm »
Правиот ефект за црн OZ бандаж мозе само во живо да се види и осети.
Супер комбинациј слична на мојата по марките на бандажите и возилото, Мазда 3 со Oz Canova black 17'
Stavi sliki da vidime, ne se srami.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен JDM4LIFE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #88 на: 23 Март 2011, 18:28:45 pm »
Правиот ефект за црн OZ бандаж мозе само во живо да се види и осети.
Супер комбинациј слична на мојата по марките на бандажите и возилото, Мазда 3 со Oz Canova black 17'
Stavi sliki da vidime, ne se srami.
Да се ослободам малку од обврски па ке има некоја подобра слика со чиста кола.
Drifted....

I'm so JDM i sleep on the right side of the bed.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми за Мазда 6 (205/55-16)
« Одговори #89 на: 23 Март 2011, 21:03:26 pm »
Стварно во живо бандажите изгледаат многу подобро и поразлично одошто на слика.

Што се однесува до гумите, меки се и некако чудно мазни. Ако нежно ги допираш се лизгаат на прсти, ако пробаш малку погрубо се лепат на прст. :)

Инаку гумите си се топ. Многу потивки од зимските, ама пак зимските не се репер. Убаво лепат за асфалт, во кривина ако влезеш со малку поголема брзина гумите не подшкрипнуваат, туку попрво шасијата ќе се навали. Мислам дека душа си дале за на автопат. Ќе видиме како ќе се справат со дупките по скопските улици.
Ум шо идит отпосле не јет ум!