Ја разбирам логиката на Бицикле, и навистина зголемената сила на клипот и клипњачата врз лагерот го истиснуваат уљето, меѓутоа пумпата го изедначува со тоа што го затвора вентилот за растеретување и го држи притисокот. Доколку не може да постигне пумпата тогаш неминовно е да има промена во притисокот. Затоа што истиснувањето ќе направи разлика во протокот на уље према летечите лагери, а протокот и притисокот се зависни еден од друг.
Исто така, голем проблем при зголемувањето на снагата е и зголемениот blow-by низ карики, што прави да го "дува" уљето поред клипњача од летечи лагери. Повторно, пумпата треба да ја изедначи таа побарувачка на уље и со тоа да го врати притисокот на соодветно ниво.
Со други зборови, доколку моторот на работна температура под полна гас на максимално оптеретување држи стабилен притисок спрема пропишаните единици, тогаш нема потреба од интервенција.
Доволно е да се користи фабричка или автермаркет пумпа на ист притисок што ќе има капацитет за тоа оптеретување како и соодветно уље (не значи погусто) што нема да изгуби од вискозитетот стане вода под тие температури.
Евентуално, некои практикуваат и зголемување на притисок до 0.5 бари плус над фабричкиот, мерено на мотор на работна температура под максимално оптеретување, меѓутоа истото е ризик бидејќи постои реална опасност да избијат семеринзи и дихтунзи бидејќи не се проектирани за таков притисок.
Just my 2 cents