Интересно е што производителот дава едни инструкции, а нашите импортери други - во поглед на сервисниот интервал мислев. Самата сервисна книшка исто така е по терк на производителот, а тукашните сервиси на дилерите ја негираат и поставуваат свои услови. Нормално, мора да се игра по нивно заради зачувување на гаранцијата.
Незнам што се променило од порано до сега у аутоиндустријата освен додатната електроника (ОТО мотор беше и остана), а дека се користат поквалитетни материјали денес за разлика од порано - мало морген. Има измени во вентилската технологија и сл., но суштината е таа. Денешните уља се поквалитетни, ама побарувањата на производителот према API се повторно истите, со тоа што бројот на адитиви се зголеми а со тоа и класата на уљето. Горивата тука се (читај: НЕ понеквалитетни, пошто дефиниција за квалитет не најдовме) очајни ... Како и да е, МОРА да се почитуваат препораките на овластените куќи, а после истекот на гаранцијата - секој со своја среќа и памет