Автор Тема: Прва промена на масло  (Прочитано 5037 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Прва промена на масло
« на: 02 Март 2012, 12:18:16 pm »
Porano:
Ne ucele deka prvoto maslo se menuva pomegu 500-1000km. Тogas se razrabotuva motorot i masloto se zagaduva so sitni metalni cesticki (ne ocekuvajte da gi vidite so oko) koi mozat da predizvikaat golemi ostetuvanja vo motorot.

Denes:
Gledam, site proizvoditeli ne razlikuvaat prva promena na masloto. Preporacuvaat masloto da se menuva vo standardniot servisen interval (primer 10.000km)

Sto se sluci za da nastane ovaa promena? Kako postapivte vie so vaseto novo vozilo?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #1 на: 02 Март 2012, 12:22:17 pm »
Јас веднаш го заменив моторното масло што дојде од фабрика а исто и маслото во менувач, некаде после 3000км.
Во врска со Спаркот добив информација дека тие мотори се уште од фабрика разработени (мада не разбирам како и на кој начин) и дека нема никаков режим под кој треба да го возам возилото додека е ново. Во упатството пишува само дека откако ќе го земам од салон дека првите 10 километри не треба да возам побрзо од 50 додека не сум се навикнел на возилото, од безбедносни причини.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #2 на: 02 Март 2012, 12:23:28 pm »
Korejska napravija, sovrseno od fabrika ;)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #3 на: 02 Март 2012, 12:26:54 pm »
Не е само кај корејците. МИслам дека некој рече дека и кај јапонците е слична приказна. Мада еве кај цивик type R во упатството пишуда дека не терба да се вози незагреана во спортски режим. Затоа има и кај моторот некој штос со издувната грана да проаѓа низ блокот и да го грее моторот за многу кратко време.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #4 на: 02 Март 2012, 12:27:39 pm »
Japoncite i korejcite se ist narod.

da se vratime kon temata...

dobro bi bilo i marsher da dade svoe mislenje.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен princo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #5 на: 02 Март 2012, 12:30:22 pm »
порано југо и застава и фичо може и така ттребало барем така викале тогашните мајстори експерти. нели порано се развозуваше колата 10,000 км(цела вечност ќе развозуваш) сга првите неколку километри и шибаш. техологија и техникка се сменети па затоа и мислам тука се крие одговорот.
е сега секогаш тука и факторот бизнис и профит шо може да е една од причините

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #6 на: 02 Март 2012, 12:58:33 pm »
Златно старо правило, загреваш мотор до 90 степена, односно идеална работна температура, и додека моторот работи го отварате капакот кај што се дотура уље. Зимате пилешка виршла ја наденувате на стапче за ражњич и бутате у мотор додека иде, углавном тоа е до усисната брегаста. Држите така 20 секунди а го замолувате комшијата малце да турира, али не превише да не загори виршлата. После ја вадите виршлата и гледате дали е изгребано најлончето, ако е така значи имате оштетување на моторот и ќе треба брзо да замените уље.

Кај камионите процедурата е друга и обично се користи суџук.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #7 на: 02 Март 2012, 13:33:00 pm »
Legendo, pocekaj ide subota, ke se napijas uz meze ;D

To the subject: kako vie postapivte so vaseto novo vozilo? Zero?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #8 на: 02 Март 2012, 13:36:51 pm »
Уште кога ја земав колата прашав дали треба да се прави некаков брз прв сервис по 1000-2000-3000 км, ми рекоа дека не, него стандардно на 10.000 поминати.

Проверив и во упатството за колата, нема ништо околу сервис после 3000 км. Мислам дека одамна нема вакви инструкции на колите. Едино што ми текнува е дека Seat бараше прва промена на масло после 7500 км за TSI моторите, ама не сум 100% сигурен.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #9 на: 02 Март 2012, 13:53:31 pm »
Како што ви пишува во сервисната книшка.Нема потреба од менување на маслото.Таман работа при разработка на новиот мотор да отпаѓаат толку струготини, тогаш не е направен како што треба.А и филтерот е тука, се задржуваат во него.
Не се случило при првата промена на маслото да се забележуваат струготини.А дека треба разработка, налегнување на деловите, треба , иако денешните технологии на обработка на металите се одлични. Пожелно е да се избегнуваат високите вртежи и силните оптеретувања еден одреден период-5000 км е доволно.
Можеби е тоа останато од едно време кога се се обработуваше рачно и со поголеми толеранции во + или -.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #10 на: 02 Март 2012, 13:58:47 pm »
На 10.000км :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #11 на: 02 Март 2012, 14:15:19 pm »
Ова со 5000км, мислев за разработката, не за промена на маслото.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #12 на: 02 Март 2012, 16:28:10 pm »
Да да јасно, јас одговарав на прашањето на ЛП :)

Иначе разработка на Акордот му правев грубо 1000км, после тоа нормално си го возев.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Прва промена на масло
« Одговори #13 на: 02 Март 2012, 20:24:18 pm »
Ова за разаработката го кажувам од искуство, бидеќеи се случило да отворам тукушто обработен мотор, после ремонт со поминатаи 1000км од други причини, и се уште се познаваат траги од хоновањето не се до крај испеглани како што треба.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Re: Одг: Прва промена на масло
« Одговори #14 на: 03 Март 2012, 00:16:35 am »
Едино што ми текнува е дека Seat бараше прва промена на масло после 7500 км за TSI моторите, ама не сум 100% сигурен.
Така е. Прв на 7500, втор на 15000, трет на 25000.
Инаку мене ми напоменаа првите 1500км да се воздржам од беснеење.