Автор Тема: Листа на закони/членови кои вреди да се чуваат во возило  (Прочитано 13105 пати)

Отсутен Lubenicata

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 716
луге дајте некој ако не го мрзи и ги има законите нека напраи едно њорд или пдф филе да го испринтаме со тие битни закони за у кола...:D фала....:)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Во законот стои казна од 300 (150) евра за непуштање пешак. Но НЕ стои одземање на возачка за тој ситен прекршок.

Член 19
(1) Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на
коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.
(2) Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да
управува со возилото со особена претпазливост и да вози со таква брзина што
овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.
(3) Возачот е должен да го запре возилото пред обележан пешачки
премин секогаш кога пешакот започнува да чекори по обележаниот пешачки
премин.
(4) На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни
знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена
претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во
случај на потреба.
(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (2), (3) и (4)
на овој член.


Брзините на движење на патиштата се надградени во 2012 година, кои пред тоа беа пониски - сега се повисоки за 10кмч.

(3) На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да
се движи со брзина поголема од:
- 130 километри/час на автопат;
- 110 километри/час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
- 80 километри/час на други патишта.



Ако некој се влече пред вас, МОРА да се тргне и да ви остави простор да го претекнете, без разлика дали е полна или празна линијата.

(3) Ако заради недоволната ширина на коловозот или неговата состојба
не е можно престигнување без загрозување на сообраќајот, возачот на
возилото што се движи побавно од возилата што се движат непосредно зад
него, е должен да го помести своето возило што повеќе надесно, а ако тоа не е
доволно, да го запре своето возило на погодно место што ќе овозможи
пропуштање на побрзите возила

Смее да се носат повеќе деца под 10 години во кола.

(2) Во моторно возило, две деца до 10 годишна возраст се сметаат како
едно лице
« Последно менување: 10 Декември 2013, 22:17:56 pm Deni »

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Aj ako znae nekoj od pravnicite da me prosvetli malku.
Dali smees da preteknes vozilo (traktor) vo naseleno mesto, na puna linija?
Neli za vozila koi ne nadminuvaat brzina od 30-40km/h toa ne se smeta za preteknuvanje, tuku zaobikoluvanje,taka nesto ne ucea vo avto-skola?
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
И пешаците имаат обврска пред да почнат да чекорат по пешачки премин, да видат дали има возило во непосредна близина на пешачкиот премин. Одговорноста е обострана.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
^мхм, казната за непочитување на таа одредба е 50 Е.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Ама 99% џандарите ке се фатат за тебе како возач пошто од тебе би извлекол најмалку 150 евра, нели во рок од 8 дена ако платиш, упола е казната.
Така да, не се исплака да го казнува пешакот :D

Отсутен викацот

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 342
Одг:
« Одговори #81 на: 11 Декември 2013, 00:48:00 am »
За тазе возач со Б требаа да поминат 2 години ?? Или грешка сум?
Фиат Типо

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3061
Најубаво е да си ги научите законите, ве застане ли џандар сигурно нема да ве почека дур барате низ листови некој член...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Дефинитивно треба да си ги знаеш, ама треба да се имаат зошто тој нема да ги знае па да му покажеш.

И нема што да бараш. 5-6 листа со подвлечени ствари во разни бои. Точно се знае што кај е, помалце од минута.

Повеќе е како „доказен“ материјал за џандарот него ли за тебе. Да си си на чисто зошто нема да му потпишеш некоја измишљотина која не постои во законот. А СЕ ДЕШАВА!!!

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Дени а да пуштиш ти тука што носиш со тебе во кола испечатено ....
Да не се бркам по цела тема. Ќе треба цел закон за сообраќај да го испринтам и ставам во кола.