Автор Тема: Листа на закони/членови кои вреди да се чуваат во возило  (Прочитано 15141 пати)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Обично ова се случва кога треба да свртиш лево. Често се цлучува и да тргниш само што ке отвори зелено, па да чекаш да поминат сите за право и да затвори семафорот па да свртиш лево.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Прееска џандар иста ситуација, дур да свртам лево ме фатија од други улици, а правеше записник за сообраќајка наш на сред раскрсница, ми рече, куде бе?
- А бе на зелено поминав .... и заќута ...

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
едно прашање до правниците на форумов околу следниов член од законот за безбедност во сообраќајот

                                       Член 240

(1) Возач - почетник кој поседува возачка дозвола од категориите "А",
"Б" и "Ц", односно од поткатегориите "А1" и "Ц1" не смее да управува со
возило со брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно
со брзина поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за
сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100
километри/час на автопат, а со велосипед со мотор повеќе од 40
километри/час, ниту смее со возилото да влече приклучно возило или да
врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на
издавање на возачката дозвола.
(2) Возачот од ставот (1) на овој член не смее да управува возило во
патниот сообраќај во времето од 23,00 часот до 5,00 часот, освен ако со
него во возилото се наоѓа лице-возач постаро од 25 години на кое не му е
изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно
возило.
(3) Возачот од ставот 1 на овој член кој поседува возачка дозвола од "А"
категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема
од 25 киловати.
(4) Возачот од ставот (1) на овој член кој поседува возачка дозвола од
"Б" категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е
поголема од 75 киловати.

(5) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1)
до (4) на овој член.

конкретно ме интересира болдираниот член, дали тоа значи дека возач со Б категорија кога ќе положи за А категорија смее да вози мотор до 75 киловати ?


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Јок, пишува во став 3 со А категорија каков мотор смееш да управуваш ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
а ставов 4 на што се однесува ?

edit:
тоа се случува кога не дочитуваш :) сега сватив дека се однесува на кола. Јас реков пак се опаметиле и го сменале законот за А категорија да можеш да возиш појак од 25 киловати.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
За возач почетник во Б категорија :)
А 3тиот став е за А категорија :)

а не сум сретнал, ако веќе не сум возач почетник у Б категорија, значи на 18 положам Б, после на 20 ми текнало да полагам за А, се сметам за возач почетник у А категорија, или има некоја финта според која ја штом сум зрел и паметен дечко за да не сум возач почетник у Б се смета дека и на А не сум :)
Не ми текнало да размислам на оваа тема, а моментално неам време за тао, само онака чисто информативно ме интересира :)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
и да положиш на 30 за А категорија пак ќе те сметаат за возач почетник, кога веќе го препишувале законов можеле да додадат уште еден член кај што ако сакаш да возиш мотор појак од 25 киловати да полагаш со поголем мотор и да не мора да чекаш да поминат 2 години.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Не тоа нема везе...полагаш со Крос мислам за мотор тука...а дали има друг член, незнам го неам разгледано законов...
може има некоја финта со тоа, јес да не ми се верува..

А и незнам имаше нешто..со до 21 година... :S е што беше како беше Банза...или ја коа ќе го прочепкам законов утре/задутре

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Не е битно со што ќе полагаш, тогаш може и со кола од 300 коња да полагаш па да смееш да возиш појака кола.

Не е работата дали ти ќе знаеш да ја возиш колата/моторот, туку дека немаш искуство и зрелост, или само искуство (ако полагаш на 30) за да возиш појак мотор/кола.

Да ми дозволеа да полагам со 1000ка мотор сигурно ќе положев и немаше да се утепам, дека со комисија позади мене ќе си возев според прописи. Али откако ќе положев 100% се мавам некаде во првите месец/два. Таа е логиката, ни се допаѓала на нас или не :)

@DW
Во право е Деан, нема врска што за Б категорија не си почетник веќе, за А ќе си бидеш првите 2 години кога и да полагаш. Конкретно јас сум возач почетник со А категорија, а Б имам скоро 8 години ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
еве како е решено во англискиот законик

Direct or Accelerated Access enables riders over the age of 21, or those who reach 21 before their two-year restriction ends, to ride larger motorcycles sooner. To obtain a licence to do so they are required to
have successfully completed a CBT course
pass a theory test, if they are required to do so
pass a practical test on a machine with power output of at least 35 kW
To practise, they can ride larger motorcycles, with L plates (and/or D plates in Wales), on public roads, but only when accompanied by an approved instructor on another motorcycle in radio contact.

значи си имаш опција за убрзан пристап, каде ако имаш полна 21 година, после добивањето на А категорија полагаш со мотор над 35 киловати и ги скокаш тие 2 години. Не знам зошто оваа опција не ја вклучија во нашиов законик, плус кеш ке си правеше државава. 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Од очигледни причини - што немаш искуство.

Еден од ретките закони во МК кои имаат логика.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Ај па вие на 18 години не е битно шо кола возиш, битно е што цурица до тебе се вози. ;D

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Почетник со А категорија до 25 киловати смее да вози.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Да де, несмее повеќе од 25 киловати

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Па шо се бе 25 киловати, појачалата денес ги праат појаки ;D ;D ;D