Предлог до управата:
Да се напише некоја статија околу казните за сообраќајни прекршоци, што имаме право што немаме, кога смее радар да не лови на колку метри од знакот за пропишана брзина ...
Еве од мене за брзина над дозволеното на автопат, пример не знаев дека 10-30 км/ч е 20 евра, 30-50 е 45 евра, над 50 км/ч 300 евра.
Член 38
(1) На јавен пат во населено место возачот не смее со возилото да се
движи со брзина поголема од 60 километри/час, односно со брзина
поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото
населено место или за негов дел.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено
место чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со
сообраќаен знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од
60 километри/час.
(3) На јавен пат надвор од населено место возачот не смее со возилото
да се движи со брзина поголема од:
- 120 километри/час на автопат,
- 100 километри/час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
- 80 километри/час на други патишта.
(4) На патот надвор од населено место возачот не смее со возилото да се
движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак
поставен на патот.
(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од
30 километри/час над дозволената брзина и кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Покрај утврдениот износ на
глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за
управување со моторно возило од три до 12 месеца, под услови и на начин
утврдени со закон.
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
24
(6) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни
бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој во населено
место се движи со брзина поголема од 10 до 30 километри/час над
дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (1) и (2) на овој член.
(7) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни
бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува
спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член и на возач кој
во населено место се движи со брзина поголема до 10 километри/час над
дозволената брзина.
(

Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој надвор од населено место се движи со брзина
поголема од 50 километри/час над дозволената брзина и кој постапува
спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член. Покрај
утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна
санкција забрана за управување со моторно возило од три до 12 месеца,
под услови и на начин утврдени со закон.
(9) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни
бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од
населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 километри/час
над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (3) и (4) на овој член.
(10) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни
бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува
спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член, односно на
возачот кој надвор од населено место се