Член 123
На обележан пешачки премин на кој сообраќајот не е регулиран со
светлосни сообраќајни знаци, ниту со знаци што ги дава униформиран
полициски службеник,
пешакот е должен пред стапувањето на пешачкиот
премин да обрне внимание на оддалаченоста и на брзината на возилата што му
се доближуваат.----
Да, ама цајканот ќе ти рече, должен си да застанеш на секој премин

Односно
Член 127
Ако на обележаниот пешачки премин сообраќајот не е регулиран со
уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, ниту со знаци на униформиран
полициски службеник,
возачот е должен кон таквиот пешачки премин да се
доближува со доволно умерена брзина и да го запре своето возило за да ги
пропушти и не ги загрози пешаците кои стапiле или кои стапуваат на
пешачкиот премин.И мојот омилен Член кои цајканите го злоупотребуваат
Член 389
(1) На технички преглед задолжително ќе се упати моторно или
приклучно возило што е исклучено од сообраќај поради
основано сомневање за
техничка неисправност на уредот за управување или на уредот за сопирање;возило кое во сообраќајна незгода е толку оштетено што оправдано може да се
заклучи дека на него се оштетени склоповите и уредите што се суштествени од
аспект на безбедноста на сообраќајот, како и возило за кое постои основано
сомневање дека на возилото е неисправен уредот за спојување на влечното и
приклучното возило.
А кај нас само те застануваат (без никакво основано сомневање) и те носат на технички преглед...и се разбира голема е веројатноста да те казнат ...