И јас сум во потрага по надворешна врата, не ми треба блиндор, посекако сум сиромав, ама имам и некои прашања.
Не сакам ПЦВ па и 200 години да трај, преферирам дрвена модерна, медијапан, метална?
Вратата е на југ со 1м настрешница, сонце ја фаќа нешто над половина зимава, лето пониско, не ја врни, освен ретки случаеви да ја попрска тро со ветер долниот дел. Двокрилна/дводелна е 130цм.
На едно место ми рекоа не препорачувале од медијапан оти му се кривеле на луѓето од сонце, дожд.
Ди Порте се со цена од 900€ па нагоре сосе монтажа, па тие не идат во предвид, a буџетот ми е максимум до 700€, преферирам помалку да потрошам.
Има нешто како за мене? Има гајле медијапанот од вакви услови?