Нипром не се воопшто толку квалитетни како што се фалат. Кај мене се од Нипром, дрвената влезна е ок.
Собните уште не можат да ги наштимаат како што треба, те гребе жабка на крилото, де закачува крило на каса, те надворешните делови на жабката си направиле лежиште на касата од затварање, се искриви крило на едната врата во дневна а има две врати едно до друго, е можно било од што ходникот не се греел а дневната да... А и не внимаваат кога ги носат, не смееш да ги оштетиш ќошињата и да ја потпираш секаде.
Се на се Нипром на лик му се убави вратите, се пазарив и повеќе од добро со газдата но воопшто не ме бендиса квалитетот, то ест финалниот ефект, ме фати нервоза и кај и да е ќе му кажам да си ги соберат и да си донесат нови и цел тим тука со надзор да ги премонтира или отидовме на суд.
Вчера беа на интервенција и установија дека жабките се ниско наместени па да ги преместеле и да останат дупки на претходните места. Та да го истругале крилото и да го прелепеле со кант трака... Шо да ви кажувам, за ена година 10 пати се имјаат вратено да прештимаат за што не можам да кажам ни збор, кога и да се јавам, доаѓаат и прештимуваат.
Мебел Ацевски што имаа дупла врата од црешово дрво изложено на саем (2500 евра), ми застана грутка во грло.
Споена феноменално и од двете страни исто лице. Нипром влезната дрвена ми ја спои со едно лице однадвор а одвнатре со потпорни рамки и друго лице. Многу аматерски.