Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1850463 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20896
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5070 на: 23 Јули 2016, 15:20:45 pm »
Ако никад не си живеел у стан, онда да, компликациите би се свеле на тоа.
Неколку години во Скопје Карпош4 и 6 години во Кавадарци. На двете места поминав убаво, посебно во Кавадарци.

Онда претпоставувам дека си бил у рентан стан, за кој не ти било многу гајле, па затоа компликациите биле сведени на он/офф на климата, оти за све друго, газдата требало да си брка работа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8385
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5071 на: 24 Јули 2016, 00:43:28 am »
Рентан да, но тој во Кавадарци делумно го изреновирав и планирав да станам сопственик.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1085
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5072 на: 26 Јули 2016, 15:58:18 pm »
квалитетен санитарен силикон и плус друг силикон за надворешна употреба, која марка и каде да барам????

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5073 на: 27 Јули 2016, 12:41:03 pm »
Ceresit CS25 за санитарија, против влага, мувла, за фугирање, пополнување дупки, може и лајсни да се лепат и сл ... (170 денари за бел, имаш и транспарентен)

За надворешна употреба зависи што сакаш да направиш. Ceresit CS26 можно е да ти заврши работа.

Ги имаш во Фриго шоб (да со б е)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5074 на: 27 Јули 2016, 13:40:11 pm »
Еден мој мал „проект“ за ова лето.  :D

Ми се моташе по подрум еден стар бојлер од 80л и добив идеа да го искористам како втор бојлер за загревање вода но со помош на сончевата енергија.
Од поодамна си бев купил машинка за лепење на pvc цевки и ова ми е прв пат лепење со неа, така да не е баш лично за око но е функионално.  :)



Си купив pvc цевки, вентили, коленца и се фатив за работа:





Овде бојлерот изваден и исчистен со помош на челична четка додаток за електрична дупчалка:


Си купив црно спрејче и го прснав неколку слоја црна боја:



Земав и ек или неповратен вентил ама нефункционира, не ја пушта водата во бојлерот и ствара притисок во цревата, па го немам ставено него.


И еве го бојлерот поставен на кров:


Тоа е тоа. Само го немам уште тестирано дали има топла вода дека времето е облачно и слабо има сонце.  :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5075 на: 27 Јули 2016, 13:51:53 pm »
А што ќе правиш кога водата ќе надмине 90 С? Знаеш дека имаш потенцијална бомба на кров?

Колку го плати апаратчето за лепење пластични цевки?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5261
  • The Spartan General
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5076 на: 27 Јули 2016, 14:08:12 pm »
А што ќе правиш кога водата ќе надмине 90 С? Знаеш дека имаш потенцијална бомба на кров?

Колку го плати апаратчето за лепење пластични цевки?

Не надминува повеќе од 40-45 степени. Истата инсталација ја имам во двор. За туширање во летните горештини е идеално.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1085
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5077 на: 27 Јули 2016, 14:19:59 pm »
Ceresit CS25 за санитарија, против влага, мувла, за фугирање, пополнување дупки, може и лајсни да се лепат и сл ... (170 денари за бел, имаш и транспарентен)

За надворешна употреба зависи што сакаш да направиш. Ceresit CS26 можно е да ти заврши работа.

Ги имаш во Фриго шоб (да со б е)

thanks  ;)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5078 на: 27 Јули 2016, 14:21:39 pm »
Еден мајстор ми спомна дека тој неповратниот вентил се ставал на цревото со ладна вода!!! Не знам колку е точно, може и затоа не ти функционира ако го ставаш на топла.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5079 на: 27 Јули 2016, 14:22:36 pm »
Па на ладна се става, на влезот.
Незнам како без неповратен ќе му држи топла вода :-)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5080 на: 27 Јули 2016, 14:42:17 pm »
А што ќе правиш кога водата ќе надмине 90 С? Знаеш дека имаш потенцијална бомба на кров?

Колку го плати апаратчето за лепење пластични цевки?

Верувај ми, нема шанси да надмине повеќе од 50 С. Знаеш колку луѓе познавам што го имаат истото направено и тоа со години па еве немаат никаков проблем.
Затоа и се става тој неповратен вентил, тој избива ако има притисок во бојлерот.
За летните горештини ова е идеално решение.  :)

Машинката ми ја донесе пријател од Германија и ме кошташе околу 120-30е така нешто, не се сеќавам, пред повеќе години ја имам купено.

Еден мајстор ми спомна дека тој неповратниот вентил се ставал на цревото со ладна вода!!! Не знам колку е точно, може и затоа не ти функционира ако го ставаш на топла.
Па на ладна се става, на влезот.
Незнам како без неповратен ќе му држи топла вода :-)

Токму така, вентилот се става на ладната вода, на влезот. Еве види на другиот бојлер каде е наместен.
Ќе го тестирам после дома на тој бојлер на цревото да видам дали пушта вода или друг ќе треба да купувам.  :)

Чекај малку, сеа видов што си пишал. Знаеш воопшто за што служи овој ек вентил?
Се поставува на ладната вода на влезот за да кога ќе снема вода цела линија, водата од бојлерот да не се врати назад, да не ја исцица, да не се испразни бојлерот, како сакаш кажи го.
Затоа и се вика неповратен вентил. И без него ќе држи топла вода, колку за информација.  :)

Инаку беше дефект тој ек вентил па со фискалната се вратив во железарата и ми го заменија без никаков проблем.
Сега го склопив се, па останува да го тестирам како е со топла вода, само да опече ова сонцево.  :D
« Последно менување: 27 Јули 2016, 15:57:30 pm Passat3B »

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5081 на: 27 Јули 2016, 15:52:45 pm »
А што мора неповратен вентил ?

Преку обичен вентил пушташ ладна вода во бољерот додека не се наполни.. Потоа го гасиш па го оставаш да се стопли бољерот и имаш топла вода.. Кога ќе ја потрошиш топлата, си пушташ ладна и тако даље..

п.с. нема нешто врска дали е легнат или исправен бољерот ?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5082 на: 27 Јули 2016, 16:00:41 pm »
Ако е расипан неповратниот нон стоп ќе бега топлата вода, ќе враќа назад и ќе дополнува бољерот а со тоа и прости се од топла вода. Имав дефект неповратен и цревото за ладна ќе ти биде топло па ладно на дополнување и се така во круг се додека не ти се олади водата.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5083 на: 27 Јули 2016, 16:04:58 pm »
А што мора неповратен вентил ?

Преку обичен вентил пушташ ладна вода во бољерот додека не се наполни.. Потоа го гасиш па го оставаш да се стопли бољерот и имаш топла вода.. Кога ќе ја потрошиш топлата, си пушташ ладна и тако даље..

п.с. нема нешто врска дали е легнат или исправен бољерот ?
Прочитај го постот погоре што го изменив, ќе видиш зошто е убаво да има неповратен вентил. Инаку се може и без него.

Не игра улога тоа многу, не е скрос легнат, доста стрмен е кровот.  :)

Ако е расипан неповратниот нон стоп ќе бега топлата вода, ќе враќа назад и ќе дополнува бољерот а со тоа и прости се од топла вода. Имав дефект неповратен и цревото за ладна ќе ти биде топло па ладно на дополнување и се така во круг се додека не ти се олади водата.
Мислам дека си грешка, има капацитет бојлерот од 80л и кога ќе се наполни каде ќе оди таа вода, како ќе ја враќа назад, самите црева се под притисок и неможе да циркулира така водата.  ???



Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5084 на: 27 Јули 2016, 16:07:17 pm »
Незнам како може ама ти кажувам што беше проблемот кај мене, со расипан вентил вода 5-6 часа од 90% стоплен на ладна да дојде, со промената после 5-6 часа минимална разлика.