Оваа тема е за тие работи, да споделам лошо искуство со фирмата Андро-Промет. Прв и последен пат купување од кај нив. Имено, имавме нарачано комодиче за кондури со фиоки за во ходник на 8 февруари( понеделник), на денот на нарачката ни рекоа дека моментално нема во магацин и би требало да стигне во вторник, односно за 1 недела после тоа. Бидејќи не сакав да го земам тоа од излог реков океј ќе чекам. Го плативме одма во кеш. При крајот на таа недела, односно неколку дена откако рекоа ќе стигне се јавив и таа ми рече аха океј, ќе стигне и до крајот на неделава ќе ви го доставиме. Поминаа 2 недела фати 3-та недела уште не стигнато. Се јавив пак, таа ми вика би требало да го има, ќе разговарам со газдата и ќе ве контактираме, се јавија и ми вика стигнале само неколку и продадени се!!! Тоа беше на крајот на февруари. Рекоа ќе дојде нова пратка во четврток минатата недела, пратката не дојде, рекоа во понеделник, односно за денес. Пак не се јавија...
Не можам да кажам дека не се фини и љубезни, се извинуваа и се тоа, ама не лажи бре, подобро кажи ми ќе чекаш месец дена или дека нема во фабрика или дека не знам што отколку да мафтосуваш. Подобро дај подолг рок и јави се побрзо отколку вака... Оставиа впечаток на крајно несериозна фирма. Ама тоа е кога купуваш од препродавачи. Јас си мислам дека ја дале нашата комода бидејќи дошол друг и ја купил, а ние веќе ја имаме платено и на тој начин си прават дупло пари...
За разлика од нив, многу позитивно искуство со Прима мебел и Форма Идеале. Од Форма имаме земено повеќе работи секогаш биле точни и секогаш ги имаат работите на лагер, ретко кога немало. Последниот пат рекоа, во среда ви го доставуваме производот тогаш има слободен термин, луѓето се јавија во вторник во среда го донесоа. Прима дадоа рок не само што си го одржаа зборот туку и 2 дена унапред се јавија.