Лајк, на место е муабетот, ама цевката е деларирана за комбинација на притисок и температура.
Иако во моменти ја надминуваш температурата, притисокот ни одблиску не е близу до 10 бари или 1Мпа, поблизок е до 0 отколку до 1Мпа. Бидејќи се работи за отворен систем и не е под притисок на мрежа, единствениот притисок во таа цевка е статичкиот, т.е. притисокот предизвикан од водниот столб... без пумпата скоро и да не можеш да смешаш вода од што нема притисок на топлата вода, затоа и е потребна пумпата всушност.
Ама ја забегавме офтопик, само заклучок ( мое скромно мислење) и нема да смарам...
~100°С температури се реални во котелот сред лето, пумпата и цевките се декларирани за пониски температури, на цевките нема да им е проблем, за пумпата јас и покрај спецификациите јас ја користам неколку сезони и не откаажала послушност. Дали тоа значи дека утре не може да цркне? Веројатно не, ама ете, живеам со ризикот. Пумпата го зголемува протокот кога ќе отвориш вентил (детектира проток), кога ќе е вентилот затворен, стои, па нема дополнителен притисок од неа, ниту експанзиона посуда што одржува некој повисок притисок... тоа е, прост систем со една цевка за полнење и празнење на казанот.
Е да, електро вентилот за полнење на казанот со ладна вода треба да биде меѓу пумпата и казанот, не после пумпата.