Идеи за материјал, за плакари и полици за нив?
... Ама да не е иверка, медијапан, и слично. Полно дрво е опција, но се мислев дали постојат и други реално изведливи можности. На пример за полиците би можел да употребам подебел лим, кој е потенок од полици од полно дрво (и поевтин) - ама така секогаш би имало опасност од кондензација, при доволно големи температурни разлики.
Да објаснам зошто го размислувам ова. Сегашните плакари ги правев со материјали земени од различни продавници и различно производство. Но сите испуштаат непријатен хемиски мирис во облеките и во воздухот. Иверка и такви материјали правени од дрвени честици и лепак. Лепакот со кој се прават иверките содржи големи количини формалдехид кој потоа се ослободува во воздухот (исто е со медијапанот, и ОСБ, и другите). Наводно има поквалитетни иверки, и можно е да не смрдат толку колку моиве иверки - ама сепак сите такви материјали испуштаат формалдехид и други хемиски страња. Затоа размислувам за алтернативи.