Лимените од проспера прашав пожолтуваат, ми се допаѓаат што имаат со камена волна.
тоа што има камена волна не менува баш ништо.
ако е целата лимена,плех,нензам што да има внатре пак е џабе зборам од гледна точка на изолација.
лимот,плехот,железото го спроведува студот од надвор кон внатре преку самата конструкција-лимот и касата-лимена.така да
тепмературата која ти е надвор ја имаш и од внатрешниот дел на вратата.
тоа со камената волна или саќе е само маркетинг.
тоа е едната маана кај кинеските -лимени врати.друга маана што ја гледам кај лименте врати е појава на кондензација во касата.бидејќи да претпоставиме надвор е ладно,внатре топло ќе има појава на кондезација(капки роса) која е внатре во лимот.
незнам дали сте забележиле варовите колку се слаби на лимените врати.и се слабо изолирани односно боени.па мое мислење е дека за кратко време ќе има појава на рѓа.
другото понатаму се знае.
затоа се одлучив за пвц.
трета работа што не асоцира кога ќе спомеме влезна врата одма сите се фаќаат да е јака,блиндирана...шипки,профили....
лоповиве најмалку провалуваат преку врата,зборам за куќи.
(на комшија мој му влегоа преку прозорче од купатило 50х50,а му излегоа преку отварање прозор од дневна)
и да се реши да ја обива само прашање е време,дали ќе ја обие за 5 или 10 мин.
инспектор од мвр ми има кажано дека обиле блендирана врата во центар во стан.
така да тоа со блендирана е битно но не и пресудно.
проспера наплаќаат 1500 денари за монтажа,другите по 1200 ден
демонтажа од 300 ден па нагоре.
кај пвц вратите имаш поголем избор на модели и повеќе опции за механизми,брави,шарки.
кај кинеские имаш тоа што ти ставиле кинезите.