Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1854290 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4239
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1245 на: 20 Ноември 2012, 17:29:02 pm »
Џиџи ти чим си им платил предвреме се според договореното, и те каква подршка си им дал :D Нека си се снаоѓаат сега. А пропустот со рокот сметај го како морално за секоја градежна фирма во Македонија.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1246 на: 20 Ноември 2012, 19:30:15 pm »
Хахаха е у право си ! ;) Поентата на темава освен техничкиот и материјалниот дел ми е и психо состојбата на инвеститорот во периодот на изградба. Од трчање по разни административно-правни работи, до техничкиот прием на објектот. За прв пат у животот сум под дијазепам и искрено боље ми е :) Како беше она вицот со тој што имал пролив ... :D

     ОК, еве и некои важни детали кои можат да бидат од корист за идните градители :P Ако и некој друг има слични искуства со други фирми, слободно нека ги сподели ...


Тектум Инженеринг, Неготино
директор: Дарко Махлијанов
http://www.tectum-ing.com/

Предности:

- работат брзо
- квалитетно
- квалитетни материјали
- стручeн персонал
- коректни мајстори
- најефтини цени
- сопствено производство

Маани:

- Не плаќајте авансно, ќе ви заминат кај други инвеститори
- Мала екипа на мајстори - само за градба на еден објект
- Индицирани микро девијантни појави на митоманија

Оценка (0-10):

- 7

Дали би го ангажирал овој изведувач повторно?

- Секако, ама плаќам по завршената работа и наплаќам пенали за секоја аномалија

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1247 на: 20 Ноември 2012, 22:35:15 pm »
Слушај...Не туку ги фали, па после да ги кудиш...

Прво нек си ја завршат работата па после фалење...
Не ко некња...Ги фалеше, ги фалеше, и оп....Ги снема цел месец...
Друго исто така треба да знаеш...Пари однапред не се даваат!!!
Па макар и никад не направил ништо...Еднаш, па и два пати се изгорев, више не...
Па на крај краева, ако правам договор, ако сум решил куќа да правам, сигурно не сум со 25 денара у џеп...
А ако е изведувачот фирма, ФИРМА, што се за него 6000 евра за материјал за да уложи во твојата куќа? Па и не се ни 6, него се и 4 многу...И да нема 4К евра за да почне и после секоја завршена фаза да си добива одреден паричен надоместок, мислам и дека не треба да се работи со такви, па не Тектум, и Св. Тектум да се...
А ако го читаат ова, нека не се лутат, туку нека дојдат со некој конкретен одговор, мисење итн итн. Секој има свое мислење...
Мојот став и моето мислење е да се почне со изградба, нормално со потпишан договор претходно, за гаранција да се даде еве нешто ситно, некој си 1000 евра, и да се почне со изведба...Плаќање во наредни три фази. Прва фаза да е кров, втора фасади, стази, мази, тинтири минтири, и после комплетно завршената работа во рок во целост да се доплати останатата сума...
Попуст ради авансно плаќање е шијем ти га Ѓуро...
Да не правев куќа, до утре може прикаски да ми кажуваат...Материјалите се тие...Складовите се тие...Небитно...
Сакам да ти кажам...Терај даље додека оди работата, која досега и онака требаше да биде завршена...Ако завршиш во рок, овој другиов, јас тебе ке те частам, а не ти мене...А ја викам дај боже да те частам јас!
Ке бидам пресреќен.
И секој пат добриот наебува...Оние што се прават мутави и на крај од рокот не се готови, се знае што следува...
Многу многу компромиси нема...Што си подобар, толку поише ке наебеш...
Ама ти си го изел калапот, и сеа ке пиеш дијазепами, нормално...
Нив ги заболе ти дали пиеш или не дијазепам...
Ова ти е животно школо...Пари унапред не се даваат, па ни на жена, а камо ли на некој си таму...
Не за џабе останало од старите...Пара на рака, Мара за рака...Фала многу пријатно.

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1248 на: 20 Ноември 2012, 23:49:19 pm »
Сале бе, није ти д'н д'нска, а? Не ги фалам, напротив гледаш дека сум реален у све што реков - кога се за критика плукав, кога се фалење поштуев ... Да се цвеќе за миришање далеку од тоа, ама бар се надевам дека ќе се доследни до крај. Дадов пари унапред, не од што сум добар, наивен, глуп - туку баш од што имав ама баш до денар толку пари т.е. немав, ама на овој или оној начин (ја си знам) можев за тие два-три дена да најдам максимум толку, а да не опљачкам банка. Парите се крваво собирани, дел се зајмени, дел се поклонети... цели 18 години! Да те заколе некој после ова богами ќе го лежам, правна држава нема, ама што после? Децата и без татко и без куќа и без пари :/ Мислиш дека не ми е пукнат филмот и сакам уште да го гледам?
Наде ја превзеде целата организација до крај само да биде све О.К. по мене, а богами и него. Куќа се правело цел живот ... жими куров, ќе праеш ако сам си мајстор, а ти доаѓаат другарите да мешаат малтер. Проблемот у државава почна баш затоа што сите мислиме дека сме најпаметни и дека све знаеме, па ај сеа ќе работам молер, незнам плочки ќе ставам или инсталација по куќи. Па за кој кур тогаш идеш за Сименс ем колку пати беше, уште не научи све? Ја сум цел живот самоук, ми ги крадеа сервисните документации од пред нос у Војна Болница приватно да работат, а кога требаше да се оди на обука одеа одредена привилигирана клапа за шетање иако пак јас ја работев програмата. Здравјето го остаев заради нечии туѓи интереси... Да, пробав и сам да работам, ама ја не знам да крадам и лажам како што рекоа некои тоа било предуслов да успееш у МК. Башка појди од ортакот што ми беше - роѓена мајка за пари ќе продадеше, срамота. Некад работите треба да се договораат и на збор, па има ваљда уште некој у државава поштен мајку му...
Ако барав све да биде по ПС ќе ме кошташе минимум 20% повеќе, а и повеќе. Не сакам сега овде да расправам што каде и од како, ама веруј ми! Ти викаше мајстори, па ги бркаше-мора и тие да биле од оние вундеркидс што ги бивало за све. На крају крајева мајсториве се ОК, ја немам поплаки од нив, нивната работа или материјалите ... пошто сум со крстот на чело очекував да го испочитува Договорот, ама пуста пара и лакомоста си го прават своето. Можда не е ни он крив - у генот им е тоа, да викнеме вештаци да утврдат, ама тоа си е негово, ме боли патка мене за него - ионака си изгуби он минимум 100.000 евра ради погрешна перцепција на работите, стрвност можда, што и да е. Ако, нека чита, имаш право форум е секој има право на свое мислење, криво ми е само што син му е ОК, а овој место да му го трасира патот он напротив му ствара непријатели. Решение има, све што договараш стави на папир, секоја промена направи анекс и тн., ама што ако намерно не сака да ти заврши работа? Ќе го тужиш? Ако, тужи, плати адвокат и да, ќе го добиеш - ама после 10 години ако имаш уште пари да го плаќаш адвокатот или не ти е случајно брат, па и нему ќе му скурчиш.
Брат, живиме у една вукојебина и мора да се помириме со тоа! Плата бараме европска, а појше од пола си го прчат на работа, па гледам по форумов кој кога постира, а знам дека е на работа. Други ни се криви за све, нормално, кога зависиме од тие „други“, да си бевме самостојни ќе беше друга прича. Интересно е што стварно чоек треба и среќа да има понекад, нек си јебе векот - што дека оние богаташине на Титаник имаа здравје, имаа пари ... НЕМАА СРЕЌА Сале, за жал. Судбина е тоа, некој ваков, некој таков, некој има, некој нема, ама не се слагам дека човекот треба да се помири со судбината, туку сметам дека треба храбро и одлучно да се бори за своето со сите средства онака како најдобро знае и умее !!!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1249 на: 21 Ноември 2012, 00:01:47 am »
Некад работите треба да се договораат и на збор, па има ваљда уште некој у државава поштен мајку му...


Џиџи, иако сум помлад ќе ти кажам дека во ниту една ситуација не треба да веруваш на дадениот збор само. Стави си се на папир, биди скептичен и секогаш очекувај дека некој сака да те заебе, за жал само така најмалце ќе се разочараш и највеќе ќе се заштитиш себеси, и финансиски и здравствено од секирации :)

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4712
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1250 на: 21 Ноември 2012, 00:04:00 am »
ќе ја направи кај ќе бега.ако не

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1251 на: 21 Ноември 2012, 00:04:50 am »
Точно...
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1252 на: 21 Ноември 2012, 00:08:34 am »
@Banzai
За жал морам да признаам дека си апсолутно у право ! Фала за советот - се прифаќа ;) Човек учи дур е жив :)

@ficomk
Хахаха имам нешто слично дома ...  8) Поентата е што су мирољубив човек по природа и секогаш верувам во луѓето - тоа ми е маана  :-\ Ама ако, можда па затоа и Господ све ми дава  ::)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1253 на: 21 Ноември 2012, 00:10:37 am »
И Џиџи сигурно знаеш за еден куп семејства кои останаа зезнати и им пропаднаа огромни пари за нив со двојните продажби на станови, па целата заштеда од 15-20 години која ја тргале за стан им отиде во ветер и повторно си останаа под кирија...

И ние имавме проблеми со градбата на спратот каде што сега живеам. Рокот се проби за 7-8 месеци, претходниот стан веќе продаден, пари задолжени итн... Нешто и ти раскажав на собирот. Среќа луѓето кај кои се задолживме беа коректни и премногу фер, па немавме проблеми и од таа страна. Едно албанско семејство кои ни се како браќа повеќе од 20 години ни помогнаа највеќе, а и сега периодов кога имаше некои здравствени проблеми кај мене во семејство одма рекоа дали треба да продадат нешто да дадат пари за лекување. Среќа ниту требаа пари, и уште побитно се се реши.

Поентата ми е, правиш викендица за уживање, немаш притисок во смисла што ако не биде утре или за 2 месеца, освен што нема да можеш да уживаш таму. Така да колку можеш помалце нервирај се, заврти си во глава дека ќе биде готово за 3 месеца наместо за 3 недели и полесно ќе ти биде ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4712
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1254 на: 21 Ноември 2012, 00:12:08 am »
^право у целта

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1255 на: 21 Ноември 2012, 00:23:17 am »
@Banzai Od prva raka. Otvarajte oci...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1256 на: 21 Ноември 2012, 00:24:33 am »
За што точно да отвараме очи? :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1257 на: 21 Ноември 2012, 00:26:16 am »
@Banzai

Да, зборевме на собирот ... Иначе семејствата кои имаа Нотарски Договори со Солемнизација, а со тоа и предимотни листови во Катастар, мислам дека немаа проблеми. Нотарските заврзлами, скриените хипотеки и нефункционирањето на правниот систем во целина си го направија своето. Оние другите со дупли продажби - ко пре невести његова невеста ...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1258 на: 21 Ноември 2012, 00:27:44 am »
Да да, дел си го добија своето, али фала богу не можеа сите. Голем дел беа и наивни и не бараа имотни листови, договори, нотари. Така си функционираше тоа додека не пукна. Сега и народот малце од малце стана по претпазлив по тоа прашање.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #1259 на: 21 Ноември 2012, 00:38:28 am »
За што точно да отвараме очи? :)
За ова.
Да да, дел си го добија своето, али фала богу не можеа сите. Голем дел беа и наивни и не бараа имотни листови, договори, нотари. Така си функционираше тоа додека не пукна. Сега и народот малце од малце стана по претпазлив по тоа прашање.