Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1505234 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #480 на: 03 Август 2012, 09:06:13 am »
Јас за гасот од гасовод зборам, ебаванција е да шеташ боци, ем цената по боци поскапа.
Блазе си им на Кумановци и Струмичани.....
Онак, збунка правиш. Цените кај крајните корисници за гас се воглавном исти за сите корисници, и гледано во пари загревање на индивидуална куќа е најмалку 2,5 пати поефтино од струја

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #481 на: 03 Август 2012, 11:00:36 am »
Онак, ај едно мислење дај. Сега греам куќа на парно и ми се гледа скапо. Размислувам да ставам колектори од кои ќе имам топла вода, и да ги искомбинирам со електричен котел. Идејата е во зима колекторите да ја загреат водата до некои 30 степени, а од 30 до 55-60 да ја догреам со струја, и така комбинирано да се греам.

1. Дали во зима во Скопје колекторите ќе ја загреат водата до ~30 степени, т.е. до колку степени во зима ја загреваат водата?
2. Дали овој концепт е значително поекономичен во однос на топлификација?
3. Колкава инвестиција е потребна за ваков систем, за да колекторите бидат димензионирани и за греење? Инсталација со потстаница имам, значи потребни се колектори и електричен котел. Знам дека ти требаат повеќе параметри за да дадеш цена, но дај некој ранг од-до во кој би се движела инвестицијата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55047
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #482 на: 03 Август 2012, 11:15:23 am »
И мене ме интересира истово од З128, со уште еден додаток.

Ако ставам предбојлер на кров од околу 50-100 литри, и таа вода после оди до бојлерите внатре. Сакам да го избегнам оној момент кога се пали бојлерот кога ти само минута миеш раце. Значи да не влегува грч ладна вода во електричниот бојлер и неговото палење да се намали за 60% според мене.

Дали може да се стави таков предбојлер на кров во кој ќе кружи водата (да не е посебен систем), без соларни панели. Дали сметаш дека ќе има фајде, или мора да се става колектор?

----------------------------------
На гас било скапо? Ова ми е ептен чудно, продавате котли за греење на парно на гас, чисто да знам цена за некој 10-25кw? Пушти на ПП ако не е за јавно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55047
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #483 на: 11 Август 2012, 14:03:58 pm »
Има некој плин да ми каже колку троши за греење? Кумановци и Струмичани - помош?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #484 на: 12 Август 2012, 12:04:27 pm »
Јас за гасот од гасовод зборам, ебаванција е да шеташ боци, ем цената по боци поскапа.
Блазе си им на Кумановци и Струмичани.....
Онак, збунка правиш. Цените кај крајните корисници за гас се воглавном исти за сите корисници, и гледано во пари загревање на индивидуална куќа е најмалку 2,5 пати поефтино од струја

за што блазе си им? па не се гасифицирани бре друже... гас им стигна само до мали делови низ градот и тоа претежно во индустриските зони, т.е. на перифиријата од градот...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #485 на: 12 Август 2012, 12:09:05 pm »
Онак, ај едно мислење дај. Сега греам куќа на парно и ми се гледа скапо. Размислувам да ставам колектори од кои ќе имам топла вода, и да ги искомбинирам со електричен котел. Идејата е во зима колекторите да ја загреат водата до некои 30 степени, а од 30 до 55-60 да ја догреам со струја, и така комбинирано да се греам.

1. Дали во зима во Скопје колекторите ќе ја загреат водата до ~30 степени, т.е. до колку степени во зима ја загреваат водата?
2. Дали овој концепт е значително поекономичен во однос на топлификација?
3. Колкава инвестиција е потребна за ваков систем, за да колекторите бидат димензионирани и за греење? Инсталација со потстаница имам, значи потребни се колектори и електричен котел. Знам дека ти требаат повеќе параметри за да дадеш цена, но дај некој ранг од-до во кој би се движела инвестицијата.

радијаторско греење-правилно се постигнува така што помеѓу потисот и повратот на цевките  (топла и ладна вода) има помеѓу 7 и 12 степени диференција односно разлика... со 30 степени вода од бојлер ке добиеш само побрз старт за неколку минути, бидејки парното треба да работи од 50 па нагоре. да речеме 55 и да речеме 10 степени разлика. значи котелот бутка кон радијатори 55 степени а се враќаат 45 степени назад во котел... од каде ке ја набавиш разликата од 15 степени од оние 30 во соларот до овие 45 од повратот?

инаку соларот може зимно време да крене и повеќе од 30 степени ама тоа е за во сончеви денови.. може да крене и 50 ако е правилно димензиониран со греење од цел ден... ама ке крене 50 и пумпата ке го испразни бојлерот за 4-5 минути и тоа е тоа...

на база на оваа теорија и практично тврдење на првиот саем на кој фонко ги претставија своите геотрмални пумпи јас ги прегазив со факти... геотермалната пумпа вади 40 степени а парното во зима му е потребно 55-60 и тоа ако има добра изолација објектот.... ако не иде повеќе... кај се 40-те степени во муабетов? што со нив? од каде 66% заштеда? реално 10-12% заштеда, односно стартот само на греењето и тоа се исплати да фркнеш онолкави пари само за поголем објект...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #486 на: 12 Август 2012, 12:24:06 pm »
И мене ме интересира истово од З128, со уште еден додаток.

Ако ставам предбојлер на кров од околу 50-100 литри, и таа вода после оди до бојлерите внатре. Сакам да го избегнам оној момент кога се пали бојлерот кога ти само минута миеш раце. Значи да не влегува грч ладна вода во електричниот бојлер и неговото палење да се намали за 60% според мене.

Дали може да се стави таков предбојлер на кров во кој ќе кружи водата (да не е посебен систем), без соларни панели. Дали сметаш дека ќе има фајде, или мора да се става колектор?

----------------------------------
На гас било скапо? Ова ми е ептен чудно, продавате котли за греење на парно на гас, чисто да знам цена за некој 10-25кw? Пушти на ПП ако не е за јавно.

да поставиш солар за да го користиш како предбојлер е многу скапо за намената... или можда мислеше за обичен бојлер без солар, офарбан црно? пред греење се вика тоа и се практикува за потреби на хотели и слично, затоа што многу голем замав ке му треба на соларот или котлите на нафта за да ги загреат бојлерите ако им влага грч ладна вода.. практично е и лесно изводливо...

но јас имам во пракса нешто друго постигнато... соларен систем класичен, со бојлер од 250 литри. на излез од топлата вода која треба да иде према чешми, се става проточен бојлер со контрола на изелзната температура-електронски ја контролира температурата... таков бојлер има на сименс кошта околу 35.000 денари...

го ставаш проточниот на 45 степени на излез... и он процентуално ја намалува или зголемува струјата на греачите во однос на тоа колку е топла водата. значи соларот загреал и бојлерот пушта топла вода.. таа вода прво влага во проточниот бојлер а проточниот стално е пуштен да работи... ако е топла водата, проточниот тоа го прочитува и воопшто не ги вклучува греачите.. како се изладува соларниот бојлер и почнува да паѓа температурата од 45 степени така проточниот појачува со температура и струја на греачите.. и ти секогаш имаш минимум 45 степени на чешма...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #487 на: 12 Август 2012, 12:44:36 pm »
Ќе треба и пумпа мин 1 бар. 

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #488 на: 12 Август 2012, 13:00:21 pm »
И мене ме интересира истово од З128, со уште еден додаток.

Ако ставам предбојлер на кров од околу 50-100 литри, и таа вода после оди до бојлерите внатре. Сакам да го избегнам оној момент кога се пали бојлерот кога ти само минута миеш раце. Значи да не влегува грч ладна вода во електричниот бојлер и неговото палење да се намали за 60% според мене.

Дали може да се стави таков предбојлер на кров во кој ќе кружи водата (да не е посебен систем), без соларни панели. Дали сметаш дека ќе има фајде, или мора да се става колектор?

----------------------------------
На гас било скапо? Ова ми е ептен чудно, продавате котли за греење на парно на гас, чисто да знам цена за некој 10-25кw? Пушти на ПП ако не е за јавно.
да поставиш солар за да го користиш како предбојлер е многу скапо за намената... или можда мислеше за обичен бојлер без солар, офарбан црно? пред греење се вика тоа и се практикува за потреби на хотели и слично, затоа што многу голем замав ке му треба на соларот или котлите на нафта за да ги загреат бојлерите ако им влага грч ладна вода.. практично е и лесно изводливо...

но јас имам во пракса нешто друго постигнато... соларен систем класичен, со бојлер од 250 литри. на излез од топлата вода која треба да иде према чешми, се става проточен бојлер со контрола на изелзната температура-електронски ја контролира температурата... таков бојлер има на сименс кошта околу 35.000 денари...

го ставаш проточниот на 45 степени на излез... и он процентуално ја намалува или зголемува струјата на греачите во однос на тоа колку е топла водата. значи соларот загреал и бојлерот пушта топла вода.. таа вода прво влага во проточниот бојлер а проточниот стално е пуштен да работи... ако е топла водата, проточниот тоа го прочитува и воопшто не ги вклучува греачите.. како се изладува соларниот бојлер и почнува да паѓа температурата од 45 степени така проточниот појачува со температура и струја на греачите.. и ти секогаш имаш минимум 45 степени на чешма...
Таков бојлер има и AEG (Stiebel Eltron) и по многу пониска цена од 21,760 ден :
http://www.rimeko.com.mk/mk/?id=7&prov_id=257

  •    Подесувачка јачина во еден ист уред од 18, 21 и 24 kw
  •    Подесување со помош на едноставна кодирачка карта во внатрешноста на бојлерот
  •    Фабричка подесеност на јачина од 21 KW
  •    Мултифункционален голем дисплеј во 2 менувачки бои, сина и црвена
  •    Приказ на потрошувачката на вода и електричната енергија и точното време ( eл.часовник)
  •    Прецизен избор на температура од 20 °C до 60 °C ,со изборно скалило од +/-0,5°C)
  •    Заштеда на вода и електрична енергија до 20 %
  •    За едно или повеке кориснички места
  •    ÖKO функција за заштеда
  •    2 меморирани температури
  •    Childproof систем , ограничување на температура до 43°C
  •    Електронски безбедносен систем со детектор за воздух
  •    Грејач со голи жици ,под притисок ,затворен систем
  •    Работи и со мека и со тврда вода
  •    Работи со предгреана вода до 60 °C од соларна енергија
  •    Инсталација : ниска и висока
  •    Далечински управувач со 4 копчиња ( опција за нарачка)
  •    Ниво на заштита од вода IP25 (hoseproof)
  •    "Splashproof" функција за инсталација во туш кабина и над када
  •    Номинален притисок на вода: MPa/bar 1 / 10
  •    Приклучок на вода :G ½
  •    Волтажа : 3/PE ~ 400 V
  •    Осигурачи : 32 / 32 / 35 Aв
  •    Идеален проток на вода : 9,9 / 11,6/ 13,2 l/min
  •    Тежина 4,2 kg
  •    Димензии (ВхШхД) : 485x226x93 (mm)

Не е реклама на Римеко :) туку искуствена препорака, го користам веке 2 години како замена на претходниот проточен бојлер (исто АЕГ) кој по 30 години верност откажа послушност од пукнатина во грејниот блок поради „редовното“ снабдување со вода во Прилеп

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55047
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #489 на: 12 Август 2012, 13:06:14 pm »
Многу корисно, ви благодарам. Ќе разгледам што како.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5079
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #490 на: 12 Август 2012, 13:06:22 pm »
А да си стаиш плински проточен :). Ние дома го имаме 2 години и тоа некој кинески. Дома сме 4ца со редовно нормално користење ако е добар плинот боцата тера 2-2,5 месеца, се има погодено и лош плин за 2 недели отиде. Боца плин е 700 и нешто денари па рачунај колкава уштеда ќе имаш

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55047
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #491 на: 12 Август 2012, 13:13:09 pm »
Боца од 10 литри? Те молам за детали!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Сепак соларното решение е далеку поефтино ин д лонг ран.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5079
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #492 на: 12 Август 2012, 13:32:03 pm »
Да боцата е од тие 10ките(мислам дека 10кила не литри или како и да иде боца значи онаа стандард за домакинство), соларно решение е одлично но во зградава нема шанси како да го поставам затоа што нема каде. Бојлерот е некој кинески брендиран за една фирма тука Лиал, на пластичарска имаат дуќан. Тогаш е купен за 5500денари што е смешна цена. Бојлерот има 2 батерии кои служат за правење искра, поврзан е со плин и има одвод за гасови кој е врзан на оџак кај мене. На самиот бојлер има 2 вентилчиња за штелување на проток на вода и плин. И кинезите имаат стаено дисплејче и има термопар на излезната цевка и со тоа на дисплејот ја читаш моменталната температура на водата. Со само пуштање на топла вода има прекидач кој го активира вентилчето за плин(кое е внатре во бојлерот) и со само тоа почнува и да фрла искра дур не се запали. За цената сме ние презадоволни

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #493 на: 12 Август 2012, 13:35:54 pm »
А да си стаиш плински проточен :). Ние дома го имаме 2 години и тоа некој кинески. Дома сме 4ца со редовно нормално користење ако е добар плинот боцата тера 2-2,5 месеца, се има погодено и лош плин за 2 недели отиде. Боца плин е 700 и нешто денари па рачунај колкава уштеда ќе имаш
Ако може попрецизни информации за потрошувачката на проточниот плински бојлер, на пример вкупно во плин или во пари за месец или година.
Исто и линк добро би дошол.
Еден мој другар се интересираше за плински бојлер па разгледував накои модели од Vaillant http://www.vaillant.co.uk/homeowners/products/domestic-boilers/ но незнам колкава е специфичната потрочувачка на плин и како би дошла економијата при вакво решение.
Со електричниот проточен бојлер од AEG кој го користам за мои потреби (3-члено семејство) потрошувачката изнесува од 70 (лето) до 140 (зима) KWh, што со сегашнава цена на струја и 50:50 скапа/ефтина тарифа доаѓа:

70 KWh *2.1 den * 33% *18% = 230 den (лето / ефтина тарифа)
70 KWh *4,2 den * 33% *18% = 460 den (лето / скапа тарифа)

едит: очигледно закаснав со постов, поголем дел од информациите веќе постирани - благодарам
или средно 345 ден за летен период

140 KWh *2.1 den * 33% *18% = 460 den (зима / ефтина тарифа)
140 KWh *4,2 den * 33% *18% = 920 den (зима / скапа тарифа)
или средно 690 ден за зимски период

едит: очигледно закаснав со постов :) благодарам на информациите

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55047
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #494 на: 12 Август 2012, 13:36:10 pm »
Мириса?

Проточно бојлерче?

Бучи?

Колку тежи?