Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1854842 пати)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4103
  • MadaFunker
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7920 на: 05 Декември 2021, 10:43:24 am »
Како ги викаат "блоковиве" што се на сликава. Не можам да ги пронајдам кај нас, и кај комшиите.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Имаш во Гостивар ми се чини, само не ми текнува како се викаше фирмата.
ICF  (Insulated Concrete Forms)- ИЦФ блок
New blood of old school

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7921 на: 05 Декември 2021, 10:51:03 am »
ова е предимензионирано за куќа. доволен проток е 1 м3/час.
функционира, го полниш со сол резервоарчето,и системот си зима колку што му треба. регенерација прави или на тајмер (тогаш не можеш вода да користиш па најдобро е навечер да се намести) или после одреден проток на вода
Благодарам, значи и ова е доволно или помало дури. Јас мислев дека нема да е доволно. Кај што би го ставил би опфатило 2 тоалети со туш и 2 кујни.
Целта е да не чисти бигор 24/7 од туш, чешми, одводи, машини, поубаво бањање и подолготрајност на перени алишта.
Една батерија троши околу 500л/час. Едновремено немаш повеќе од 2 потрошувачи. Месечно едно домаќинство троши 10-15 м3 вода. Ако во објектот сте 2 фамилии, земи го тој што го предложи,ради сигурност. Ако е 1 фамилија, земи го 500-1000 л/час
А ваквите може да се врзат на доводна цевка што е под притисок од водовод? Пумпа треба или нешто слично? Јас би сакал седиментен филтер (рецимо, ако нема внатре) и после омекнувачот и да продолжи цевката кон чешмите и бојлерот. Ќе се јавам од утре да се распрашам по фирмиве како оди монтирањето. Ама за Скопје - нешто мора да се смислува со бигоров.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7922 на: 05 Декември 2021, 12:22:21 pm »
Колку што се сеќавам, се е цакум пакум на компактниве, се монтира на доводна цевка, си има и филтер, и не треба пумпа, барем на тие што ги нудеа тогаш.
Секако не е наодмет да си се распрашаш :)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7923 на: 05 Декември 2021, 14:55:25 pm »
ова е предимензионирано за куќа. доволен проток е 1 м3/час.
функционира, го полниш со сол резервоарчето,и системот си зима колку што му треба. регенерација прави или на тајмер (тогаш не можеш вода да користиш па најдобро е навечер да се намести) или после одреден проток на вода
Благодарам, значи и ова е доволно или помало дури. Јас мислев дека нема да е доволно. Кај што би го ставил би опфатило 2 тоалети со туш и 2 кујни.
Целта е да не чисти бигор 24/7 од туш, чешми, одводи, машини, поубаво бањање и подолготрајност на перени алишта.
Една батерија троши околу 500л/час. Едновремено немаш повеќе од 2 потрошувачи. Месечно едно домаќинство троши 10-15 м3 вода. Ако во објектот сте 2 фамилии, земи го тој што го предложи,ради сигурност. Ако е 1 фамилија, земи го 500-1000 л/час
А ваквите може да се врзат на доводна цевка што е под притисок од водовод? Пумпа треба или нешто слично? Јас би сакал седиментен филтер (рецимо, ако нема внатре) и после омекнувачот и да продолжи цевката кон чешмите и бојлерот. Ќе се јавам од утре да се распрашам по фирмиве како оди монтирањето. Ама за Скопје - нешто мора да се смислува со бигоров.
Треба да имаш притисок над 1.5 бар, за да функционира. Ако сакаш можеш да ставиш ситен 5мик филтер пред него. Не заборавај,треба да имаш струја и одвод - кога прави регенерација исфрла отпадна вода

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7924 на: 05 Декември 2021, 17:39:42 pm »
Некој дали знае нешто од оваа област или има некакво искуство со камини ?

На викендица имав старо огниште/камин и го президавме со цигли (нешто слично на првата слика), нагоре е широк оџакот некои си 40х40цм..
Е сега проблемот е што нема ништо над самиот огон (само оџакот),  цела топлина бега надвор и никако неможе да се загрее добро собата..
Дали да се стави некои железни плочи за да се подзапри топлината ? Дали е најдобро да се созида горниот дел за да се затвори отворот да дојди како коцкест (втора слика) ?



Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7925 на: 05 Декември 2021, 17:50:05 pm »
Некој дали знае нешто од оваа област или има некакво искуство со камини ?

На викендица имав старо огниште/камин и го президавме со цигли (нешто слично на првата слика), нагоре е широк оџакот некои си 40х40цм..
Е сега проблемот е што нема ништо над самиот огон (само оџакот),  цела топлина бега надвор и никако неможе да се загрее добро собата..
Дали да се стави некои железни плочи за да се подзапри топлината ? Дали е најдобро да се созида горниот дел за да се затвори отворот да дојди како коцкест (втора слика) ?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
дали можеш да ставиш одма над ложиштето решетка-изменувач, полна со вода која ќе циркулира кон радијатор?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6406
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7926 на: 05 Декември 2021, 17:55:07 pm »
Во еден кафич кај што работев имаа парно извадено од ваков горилник.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7927 на: 05 Декември 2021, 18:02:28 pm »
На првата слика гледам камења ;D

Каква цигла сте употребиле?
Ако сте употребиле со комори, тие имаат изолаторски карактеристики.
Друго, над горилникот пред да почне оџакот треба да има клапна.
Трето, каминот е многу поширок од отворот за оџак и топлината треба да удри и да се шири во горниот заѕидан дел од каминот, за потоа околу самиот оџак да згрее пред да излезе надвор со чадот.

Нешто со ѕидањето сте утнале.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7928 на: 05 Декември 2021, 18:34:37 pm »
Обична полна цигла е, над горилникот нема ништо само малку е потесен оџакот од каминот..

Некој дали знае нешто од оваа област или има некакво искуство со камини ?

На викендица имав старо огниште/камин и го президавме со цигли (нешто слично на првата слика), нагоре е широк оџакот некои си 40х40цм..
Е сега проблемот е што нема ништо над самиот огон (само оџакот),  цела топлина бега надвор и никако неможе да се загрее добро собата..
Дали да се стави некои железни плочи за да се подзапри топлината ? Дали е најдобро да се созида горниот дел за да се затвори отворот да дојди како коцкест (втора слика) ?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
дали можеш да ставиш одма над ложиштето решетка-изменувач, полна со вода која ќе циркулира кон радијатор?
Не а и нема потреба, пошто се грее само таа соба околу 20тина квадрати е..


Моментално странично гледано е како од лево, а планирам да биди како од десно..


Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 464
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7929 на: 23 Декември 2021, 21:30:26 pm »
Ставена е фасада со Максима поликолор, 140м2 се вкупно боја и мајстор 400 евра. Три пати ја помина. Во случај некој ако му треба онака да знае цена колку се движи.

Ми требаат сега внатрешни врати, од кои сте задоволни? Проспера ок се? На што да обратам внимание?

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2190
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7930 на: 23 Декември 2021, 22:28:02 pm »
Ставена е фасада со Максима поликолор, 140м2 се вкупно боја и мајстор 400 евра. Три пати ја помина. Во случај некој ако му треба онака да знае цена колку се движи.

Ми требаат сега внатрешни врати, од кои сте задоволни? Проспера ок се? На што да обратам внимание?

Јас имам проспера внатрешни и сум задоволен сега за сега имаат големи шарки да не речам масивни и се гледа дека држат и голема разлика се случува кога ке затвориш собата пример работи правосмукалка во другиве соби е речиси нечујна има гума на самата рамка и очигледно таа го прави своето https://prospera.com.mk/%d1%86%d0%bf%d0%bb-%d0%bb%d0%b0%d0%bc-%d1%86%d0%bf%d0%bb-%d1%85%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82-%d1%822/

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7931 на: 30 Декември 2021, 14:57:49 pm »
Момци, едно прашање во врска со термо изолација на куќи. Планирам на пролет да инвестирам во изолација на куќата ѕидана со стандардни цигли пред 20тина години. Често гледам панелите од стиропор ги лепат директно на циглите, без да мачкаат малтер на циглите, па потоа да го лепат стиропорот на малтерисаната подлога. Ретки се тие што мачкаат претходно. Може ли некој да ми објасни прос/конс? Кои се бенефитите на грубо измачкан малтер  пред  стиропорот? Доколку парите не се проблем, вреди ли да се инвестира и на тоа, или бенефитите се минимални па не вреди и затоа се оди директно на лепење стиропор на самите цигли?

Благодарам.
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7261
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7932 на: 30 Декември 2021, 16:50:57 pm »
Ако циглите не се китка матка редени, не гледам зошто би се малтерисувале пред стиропорот. Во целата приказна стиропорот е задолжен за изолација, мрежата за врзување (како арматура) а лепаците за цврстина.

Ако грешам, нека изгорам ;D

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 807
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7933 на: 30 Декември 2021, 20:22:35 pm »
Момци, едно прашање во врска со термо изолација на куќи. Планирам на пролет да инвестирам во изолација на куќата ѕидана со стандардни цигли пред 20тина години. Често гледам панелите од стиропор ги лепат директно на циглите, без да мачкаат малтер на циглите, па потоа да го лепат стиропорот на малтерисаната подлога. Ретки се тие што мачкаат претходно. Може ли некој да ми објасни прос/конс? Кои се бенефитите на грубо измачкан малтер  пред  стиропорот? Доколку парите не се проблем, вреди ли да се инвестира и на тоа, или бенефитите се минимални па не вреди и затоа се оди директно на лепење стиропор на самите цигли?

Благодарам.

ova da znaesh i mene kolku ke mi znachi ako nekoj go odgatne. dali vredi da se frli ushte nekoja para ekstra za machkanje ili ne. plus ako se izmalterisa dali mozebi toa bi smetalo za ponatamu.

ajde gradeznici na forumov daj malku prosvetlete ne. dali e podobro da se lepi na gola cigla izolacija ili na malter...shto se dobiva/gubi so ednata ili drugata opcija?

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7270
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7934 на: 30 Декември 2021, 23:26:45 pm »
Ништо, малтерот, односно циментото е одличен спроводник на топлина. 2 цм малтер апсолутно ништо нема да променат во енергетската ефикасност.
Подобро парите за малтер дадете ги за графитен стиропор кој е за 20-25% подобар во термоефикасност од обичниот бел.