Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1856622 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7080 на: 06 Јуни 2020, 10:03:41 am »
@JR јас сум на Сименс 18кв веќе 20 години, хидрауличен. За мене подобра работа од проточен бојлер нема  ;)
...
Во последно време сум на размислување да го менувам за електронски, ми беше препорачано заради помала потрошувачка на струја, као поштедливи се.

Те молам тој што ти кажал дека новите се поштедливи да ти објасни зошто?
Греачот целата струја ја претвора во топлина, нема тука виша математика, ама еве да научиме нешто ново

На проточните бојлери со електронска контрола местиш температура и електрониката ги регулира грејачите.
На механичките проточни бојлери има неколку фиксни сетинзи, генерално добиваш нешто повисока температура на вода и потоа додаваш малку ладна вода (донекаде слично на употребата на класичните бојлери)

Идејата е дека кога се загрева водата директно до крајната потребна температура на вода, тоа е поштедливо од загревање на водата на фиксна (повисока од потребната) температура - и потоа додатно ладење со малку ладна вода. Нели за да се добие потребната температура.


Јас лично повеќе сакам механички бојлери, помалку елементи за расипување и помалку главоболки. Плус и на нив може да се дотера температура на водата без додавање на ладна вода, преку регулирање на протокот на водата. Само треба да се разбира малку на колкав проток ќе се вклучи додатниот грејач... Еве после цели години жена ми уште ја учам.  :D
Значи на електронските не мора да носиш ладна вода на батеријата, туку само на бојлерот? (Ако користиш само топла вода)
Уствари само регулацијата е подобра, а нема перпетум греач? 😀

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7081 на: 06 Јуни 2020, 10:13:42 am »
- Второто, да се разбира. Не се работи за поефикасни грејачи или „перпетум мобиле“. Нешто помалку струја се троши кога водата непотребано не се загрева премногу за потоа да се лади со додавање ладна вода. Така излегува заштедата.

- Првото, точно - кај проточните бојлери со електронска контрола теоретски би требало се да функционира со внесување температура во бројка степени целзиусови. Во пракса...  :)


Ништо не е совршено, само бираме кој компромис ќе го прифатиме.

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 973
    • nobrain.dk
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7082 на: 06 Јуни 2020, 11:39:16 am »
Од тоа што гледам на нет, јер немам никакво искуство за проточни бојлери хидрауличните бараат поголем проток на вода минимум 1 бар доколку електричните со половина од тоа 0.5бар друго хидрауличните ги има 18кв-21кв и 24кв (барем кај нас) а електричните 12-15-18-21-24кв јас лично таргетирав 15кв или 18кв од тие германските стибел.. следна недела се мести водоводот (касетно) во цел стан па за две недели ке се одлучам.. едино ми беше тоа за протокот дека станот е на 6ти/8 ама се тешам дека ако немало проток до сега машини за перење и др ствари ке се расипувале :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7083 на: 06 Јуни 2020, 12:04:47 pm »
Да расчистиме: проток се мери во лит/с, м3/ч итн, а притисок во бари. Тоа се сосема различни работи, и не ги мешајте

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7084 на: 06 Јуни 2020, 12:24:58 pm »
Машина за перење ќе работи и со слаб притисок/проток.

Наместо за 5 минути да се наполни со потребната количина на вода, ќе се наполни за 20 минути :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7085 на: 06 Јуни 2020, 12:27:14 pm »
Не е до толку важно како човекот ги нарекува единиците мерки, битно ги разбра суштински. Не сме на испит. :)


Од тоа што гледам на нет, јер немам никакво искуство за проточни бојлери хидрауличните бараат поголем проток на вода минимум 1 бар доколку електричните со половина од тоа 0.5бар друго хидрауличните ги има 18кв-21кв и 24кв (барем кај нас) а електричните 12-15-18-21-24кв јас лично таргетирав 15кв или 18кв од тие германските стибел.
Мојот Сименс е 24киловатен модел, со три грејачи во два степени (ги нарекуваат економик и максимум). Третиот грејач скоро никогаш не се вклучува, освен на најсилно пуштена вода - и нема потреба пошто така водата е прежешка и во летни и во зимски сценарија (варира температурата на водата од водовод)... Но третиот грејач е потребен во специфични ситуации, на пример полнење када, легени со вода, и слично. Значи мене полни 24 киловати ретко ми требаат, но дефинитивно одвреме навреме ми се наоѓаат. E сега јас сум во куќа, во зградите зависно од изведбата водата од водовод би требало да биде барем некој степен потопла.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7086 на: 06 Јуни 2020, 13:39:40 pm »
@JR  Да не ја шириме, ако сакаш школски да измериш притисок кај тебе, купи манометар 0-6 бари 1/2" излез, заштрафи го во wc, и ќе видиш колку притисок имаш. А лаички 1 бар е многу мал притисок за секојдневно користење, штом можеш фино да се бањаш, значи имаш  доволно притисок

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 973
    • nobrain.dk
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7087 на: 06 Јуни 2020, 18:57:51 pm »
Фала на објаснување дечки!  Ми станаа многу работи јасни :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7088 на: 12 Јуни 2020, 02:23:13 am »
Да не има некој предлог од што да ги направам полиците на сталажата у подрум, дали да ставам оплеменета/неоплеменета иверка или нешто трето?


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7089 на: 12 Јуни 2020, 06:38:09 am »
Да не има некој предлог од што да ги направам полиците на сталажата у подрум, дали да ставам оплеменета/неоплеменета иверка или нешто трето?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Јас би одбрал шперплоча во некоја водоотпорна варијанта.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5516
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7090 на: 12 Јуни 2020, 07:29:03 am »
Профиливе кај ги најде, како искача со цена ова? Ми треба и мене нешто слично

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7091 на: 12 Јуни 2020, 07:59:43 am »
Профиливе кај ги најде, како искача со цена ова? Ми треба и мене нешто слично

Не се од сега купени, стари се барем 40 год. Ама беа во другиот подрум па сега решив да ги наместам кај мене.

@bramovsk сега гледам, доста е поскапа шпер плочата од иверката:

« Последно менување: 12 Јуни 2020, 08:07:02 am AUUU »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7092 на: 12 Јуни 2020, 08:14:22 am »
Нормално, само тензилната јачина и е многу поголема.

Сепак зависи што сакаш да ставаш на неа. Ако од 4 страни има поддршка на полицата нема да имаш проблем со иверка. Дури можеш и со ЛДФ генка плоча.

Исто можеш и со ОСБ плоча, помали се парчињата и има голема цврстина.

Кај нас шперплоча е скапа зошто поретко се користи. Што и да земеш можеш да го премачкаш со фирнајз или бајц за да се заштити. Иако нема реална потреба за внатре.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7093 на: 12 Јуни 2020, 08:18:43 am »
Која продавница е оваа?
Дај линк, да видам што продаваат баш ми треба добар шпер од бреза.

Инаку види цени за шпер-плоча за градежна намена, треба да се осетно поевтини.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7094 на: 12 Јуни 2020, 08:22:02 am »
Новомак е ова. А имаш и во Солопром.