Глазура се мисли на горниот слој на ќерамидата кој со тек на време од атмосферски влијанија станува порозен а кај постари ќерамиди неретко има и мувла ....е сега прашање е дали ако ги исчистиш ќерамидите нема да почнат да пропуштаат вода ,па наместо подобро полошо да си направиш....Кај тебе кој тип на ќерамида е ? Сликни ако можеш....
Sent from my SM-J600FN using Tapatalk
Незнам некое руско име имаат.. куќата е покривана пред 10тина години па само со јак притисок ги измив скоро сите денес и мислам дека нема гајле. Мислев да пробам со арис или некое друго средство али несакав да екпериментирам... Зборував со мајсторот ми рече тоа печена ќерамидата била и немала никаква заштита а и да имала веќе одамна ќе ја снемало.. со чистењево ќе сум им продолжел рокот на траење за 5-10 години.. Од едната страна беше поа повалкани па сега се изедначија и супер испаднаа...
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..) (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Овие се TONDACH керамиди и по мое мислење едни од подобрите ако не и најдобри покажани во пракса, сеуште се произведуваат во Македонија под Германска лиценца...Слободно си можел со некое средство да ги исчистиш ништо не им е мн се јаки....Тоа што се темни со тек на време нафаќаат или од оџакот ако се грееш на дрва или ако си покрај прометна улица
....
Sent from my SM-J600FN using Tapatalk
Готово више ги очистив сите со вап под притисок, 2 дена 1500 ќерамиди.. Презадоволен сум од резултатот, ги подмладив за најмалце 5 години
Веќе пишав во друга тема али ајде и тука..
Периодов сме во изградба на куќата па пред да се малтериса внатре и да се стави иберцук сакам да прашам да се информирам која ми е најдобра а меѓутоа и најекономична варијанта ?
Собите се околу 85 квадрати, ставен е термо блок, ќе има фасада со изолација и нормално некои подобри прозорци.. Меѓутоа не ни се брза се планира да биди готова за година две па ваљда има некој период каде што цените се пониски ?
Едино не ми се замара со дрва сепак сме 21 век, али не исклучувам можност да се запали печка или нешто додатно на испод -10 степени..