Најдобро е да направиш оџак по пропис. Сите пропусти ќе ти се вратат штом ќе почне да се користи. Не повлекува или треба даолго да почне да влече, кондензација внатре и полесно нафаќање на гареж, се работи кои се врзани со термоизолација. Ако сакаш да не те боли глава, дал е внатре или надвор направи оџак од некои варијанти на шамотни уметоци лепени, вметнати во блок, и изолација со тервол. Поправка на внатрешен оџак откако ќе се вселиш нема, ќе си чекаш следно лето и пак наново.