Дечки ај едно стручно прашање, со што да залепам дрвени нагазен дел степеници на нели степеници кои се од цемент. Значи нагазниот дел е од бука и сакам да ги залепам на степениците кои се од цемент, со што се лепат вакви раброи да бидат цврсти?
Јас како направив (лаик):
Лепак за паркет, само гледај на скалите површината да биди рамна, дали со лепак за плочки или некоја нивелирачка маса ќе ги направиш не знам. И да не го разредуваш лепакот со вода воопшто, јас така се заебав, и кога ја приме влагата дрвото се усучија степениците.
Залепив една и со пурпена ама се осеќа како шуплива од неа, тие што ги залепив со лепакот како што треба се камен.