Покрај Адора и Голден Арт, би ги препорачал и Масон. Имаат неколку згради во изградба, не се заебаваат со изработка. Другар ми работеше за нив, вика дека нема од оние финтите „да пројде пред закон па после цепаме по наше“. Се си било по прописи, материјали квалитетни, работници нивни, значи константен квалитет. Сигурен сум дека и другите две компании се со висок и константен квалитет. Глеам и Бока Ратон се пуваат со квалитет по медиуми и социјални мрежи, можда треба и тие да се проверат. 
Поддржувам и стар па реновиран стан, ама поради енергетската ефикасност на старите згради се плаќа поскапо парно ако нема нова фасада (и ако се бира парно греење воопшто). Понекогаш немаат ни лифтови зградите. Ако се бира паметно, се избегнуваат овие работи. Исто, најдобро е стар, нереновиран, па ти да си го реновираш по твој терк, а не да почнат да излегуваат гремлини и слаткарски шлаканици од тој претходно што гледал да закрпи за да личи убаво. 
Голеден Арт и Масон - ДА!
Адора............ нее!
За другите во ПП.

@osmica8 може да образложиш за руските згради. Ми имаат кажано исто, бегај од руските се е бетон. Нема да се загреат? појака е градбата се е мрежа преплетено?
Други совети за карпош да дадеш. Ако нешто ти значи се оди варијатна за к1/2.
Руските се градени со систем на монтажен бетон блок.
Најчесто ѕидовите се бетонски и не можиш ништо да правиш. Доста од нив имаат доградби напред и назад, па испаѓаат станови по 70-80-90м2.
Треба да се разгледа конкретно кој стан и што можи да се направи со него.
Иначе тоа за греење во нив. Со градско парно, бара е станот. По кратки ракави да седиш.
К1-К2 има стари згради интересни. Треба да се разгледа конкретни примери. Тешко да се најди стан со добар распоред од изградба.
Во сите мора корекции за да се живее во 21век.
Има интересни станови, само зависи што ќе се начека.
Јас конкретно барав од тие Румунски шо ги викат. Околку Драмски - ниските 4-5 ката со 2 влеза.
Има интересен концепт на доградба и се прави ок стан, за добра сума.
Ме изненади кулата кај драмски, над Тинексот.
Становите доста просторни, ветуваат.
Еден гледав таму интересен беше. Нормално се од корен треба да се менува.
Дали знаете некои фирми кои работат со градба со панели...?
Кен - панели ако сакаш фирма која се рекламира за тоа баш.
Ако не сакаш таква фирма, тогаш сите што работат со метал и со лим.
Панел се купува готов и по мерка се крои. Каков сакаш во дебелина.
Ти кажав и претходно, ќе ти најдам луѓе ти само јави се.