Ако не е тајна ме интересира колку те кошташе оваа инвестиција? Може и на ПП, не мора тука.
И уште едно прашање, дали мора преку овие скапаниве од ЕВН да оди, да им продаваш стеуја нив па да одбиваат од сметка, или има опција додека се батериите полни да дава од нив, кога ке се испразнат да префрли некој осигурач автоматски на мрежа од ЕВН?
Sent from my iPhone using Tapatalk
Па околу 7000 еур целаата инвестиција, со се проекти за кров, проекти за проверна и точна инсталација, некои лиценци за изведба и гаранција и безбедност бла бла, само документацијата 1000 еур кошта. Малку е покомплицирано ама, најбезболно ти е ова кај мене со двонасочно броило, тоа што ти го бараш е, можда некако изведливо со блокатор но. Ако имаш блокатор, вишокот да нема кај да ти оди, пошо ако иде у евн и немаш двонасочно ќе ти ги рачуна како истрошени киловати и ке им плаќаш за тоа што им даваш без пари струја
Ако имаш блокатор за вишок да не ти иде у саат цело вереме ќе ти стои исклучен системот бидејќи блокира ако имаш само на една фаза вишок сите 3 ги гаси. Инаку се 3 фази по 2 kw. И она со плаќањето, глеам сите се бунес зошто одеднаш ев зема по 3 денари зс транспорт по kw а киловатот ти го наплаќа исто 3 денари, е тоа е поради такви како нас шо сакаме да произвеуваме струја и вишокот шо ќе ни го плаќаат, ни плаќаат само kw колку кошта а транспорт не ти го плаќаат. Пример ако kw спрема мене они ми даваат за 6 денари јас ним им давам за 2.9 денари. Но и тоа не е се, зависи колку трошиш согласно со произведеното.
Значи ако трошам 10kw и произведувам 12 kw вишокот ми го плаќа како 1:1 со евн, ама ако пример трошам 1 kw и произведувам 100kw вишокот ке ми го плаќа по 0.1 денари 1:100 бијдеќи ме рачуна дека не трошам соодветно колку шо произведувам
Sent from my iPhone using Tapatalk