Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1449529 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7350 на: 04 Август 2020, 13:02:55 pm »
Нема поента да се гаси бојлер.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54924
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7351 на: 04 Август 2020, 13:05:05 pm »
За инвертери е јасно дека со постојано вклучени потрошувачката им е помала затоа што можат да ја симнат оптеретеноста и да го кренат својот коефициент на ефикасност повисоко. Со тоа испорачаната моќност ќе е најголема во однос на вложената електрична енергија.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7352 на: 04 Август 2020, 13:08:20 pm »
Или и од 14-16ч е мислам ефтина.

„ние го оставивме бољерот сега цело време пуштен и сметката за струја стигна пониска“ - рече никој.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7353 на: 04 Август 2020, 13:27:54 pm »
Со самото стапнување во домот веднаш и постојано за време на престојот ја користиш вложената енергија.

Јас не верувам дека некој престојува под туш 16 часа во денот. Друго е прашањето за дисциплина и лични потреби.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7354 на: 04 Август 2020, 13:47:39 pm »
Татко ми во детството се бањал еднаш неделано на вода греена на шпорет. Останатата дневна хигиена била миње нозе и заплакнуење на чешма/пумпа во двор. Во денешно време јас кога треба да измијам нозе се туширам. Ако го гасам бојлерот (со тајмер) влегувам во ризик да останам без топла вода ценејќи го капацитето на бојлерот и  вкупното население во мојот стан кој има непредвидливи потреби за „замивање“.

Одговорот на тоа дали треба да се гаси бојлерот, има смисла само ако некому јасно му се одредени капацитетите и потребите.  Со 120 литарски бојлер за четворица со утврден ритам за хигиена добро функционира тимер.  Со 80 литарски бојлер за четворица со многу променлив и инцидентен пристап кон користење на топла вода, тешко.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7355 на: 04 Август 2020, 13:50:47 pm »
Кога е загреан бојлерот не се пали греачот скоро ич како и да е. Кога некој се тушира ретко кога ја троши цела вода во него. Кога седи ладен секогаш се грее цела вода.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7356 на: 04 Август 2020, 13:59:23 pm »
Е тука е заебот, топлината не ти е спакувана во куфер, се пали за да ја надомести изгубената топлина.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54924
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7357 на: 04 Август 2020, 14:07:34 pm »
Ако сакаш некаква заштеда за бојлер треба да направиш тајмер со двоен термостат.
Додека е скапа тарифа да се пали греач ако падне водата под 60ц.
Кога е ефтина тарифа да се пали греач ако падне водата под 85ц.

И завршена работа. Ќе имаш вода цело време и ќе може да се тера на ефтина поголемиот дел. Колку повеќе литри - толку повеќе заштеда.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17393
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7358 на: 04 Август 2020, 14:09:37 pm »
Другари во месеци кога немам греење и ладење ми иде сметка од 800 до 900 денари, бојлер не изгасен.

На почеток кога почнав сам да живеам, пробав со пали-гаси да си играм, ем смрзнат зошто сум заборавил да го пуштам, ем сметката повисока, околу 1100.

Ако знае некој како да поврзам тајмер без да дадам цело богатство и без да копам ѕидови, предложете, ќе пробаме и така.

Цел живот сме живееле со бојлери пуштени, ем е пригодно да се тушираш во кое време ќе ти ќефне, ем во ред си се сметките, не се баснословни и апсурдни.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7359 на: 04 Август 2020, 14:21:22 pm »
За стандарден приклучок на бојлер ако дозоволува просторот една наѕидна утичница и шуко на каблето во бојлерот. Инаку тоа со пали гаси мануелно мислам дека е тотално тормозење. Јас со прост механички тајмер го терав 120 литарскот со 2KW греач. Со малце повеќе пари имаш неделен тајмер. Имав еден колега кој на претходните варијанти  на струјомери, кога имаше сијаличка за евтина струја,  му имаше шибнато реле на бојлерот :)

Во принцип ако се земе целокупно потенцијалот за заштеда  на гдишно имаш за една добра кафана за двајца. Ако е просто да се изведе зошто да не се искористи? :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5803
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7360 на: 04 Август 2020, 14:21:23 pm »
Ти си добар со сметките,јас без клима цело време,б3з користење ел.шпорет (имам на плин) и без користење на болјер (имам соларно) никојпат немам платено помалку од 1200 ден,паметам од пред 10-15 години се од тоа користев и сметката беше иста....потрошувачите како болјер,ел.шпорет се користеа секојдневно а цената е иста,некој тука јебе бе!

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7361 на: 04 Август 2020, 14:23:32 pm »
Ако сакаш некаква заштеда за бојлер треба да направиш тајмер со двоен термостат.
Додека е скапа тарифа да се пали греач ако падне водата под 60ц.
Кога е ефтина тарифа да се пали греач ако падне водата под 85ц.

И завршена работа. Ќе имаш вода цело време и ќе може да се тера на ефтина поголемиот дел. Колку повеќе литри - толку повеќе заштеда.

Кај мене прилично сум сигурен дека бојлерот е наместен на околу 60-70 степени цело време како и да е. Затоа и веројатно не се пали толку често да се догрее. Немам бојлер со дигитален топломер па не сум сигурен. Имавме до пред некоја година дур не загина од бигор, ама околу 65 беше стално.
« Последно менување: 04 Август 2020, 14:31:32 pm DarthJe5us »

Отсутен Filipz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7362 на: 04 Август 2020, 14:25:20 pm »
Другари во месеци кога немам греење и ладење ми иде сметка од 800 до 900 денари, бојлер не изгасен.

На почеток кога почнав сам да живеам, пробав со пали-гаси да си играм, ем смрзнат зошто сум заборавил да го пуштам, ем сметката повисока, околу 1100.

Ако знае некој како да поврзам тајмер без да дадам цело богатство и без да копам ѕидови, предложете, ќе пробаме и така.

Цел живот сме живееле со бојлери пуштени, ем е пригодно да се тушираш во кое време ќе ти ќефне, ем во ред си се сметките, не се баснословни и апсурдни.
https://sonoff.tech/product/wifi-diy-smart-switches/basicr2

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54924
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7363 на: 04 Август 2020, 14:27:52 pm »
Ги знам соноф, мислам дека и во Хубо имаат доенсено. Зборувано е и претходно. Како и да е, сепак е доста храбро да се поврзе бојлер на такво. Евентуално преку некое реле надворешно.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #7364 на: 04 Август 2020, 14:33:36 pm »
1000 табиети и комбинации, нема правилен и лош начин. Секој како му одговара, мене ако ме прашувате најверојатно и со слушалка на делимано чешма ќе се искапам.