Прво затоа што нудат едноставна изведба, второ зтоа што личи дека се скратува времето за градба, потоа затоа што нудат флексибилност и ветуваат добра енергетска ефикасност. Без разлика на тоа што кај нас само "идеални" технологии се користат може човек да спореди и со овие не така напредни. Од друга страна, немам ништо запнато едноставно гледам како заостанативе работат па пробувам да откријам дали ние сме сеуште напред или почна да се заостанува во нешто.
Нудат едноставна изведба за тие шо имаат развиено систем на производство. Ние немаме ваков систем. И да го донесиш ова кај нас, многу исто време ќе му треба колку класична градба за да го состават.
Флексибилност се постигнува со малку попаметно користење на материјалите кои ни се достапни. Незнам точно на каква флексибилност мислиш. Јас мислам на преградни ѕидови.
Енергетска ефикасност се постигнува со многу различни материјали. Има кај нас се што е потребно за таква работа.
Ова на видеа на јутуб и во странство изгледа многу лесно. Доаѓа камион, растовара, склопуваат и ајт.
Кај нас не можи тоа така лесно.
За било што да градиш, било кој систем ќе го користиш, мора да обезбедиш градежна дозвола. Во општина не му е гаље дали ти ќе градиш со бетон, челик, дрво, кал или трски. Само да обезбедиш дозвола дека тој објект е статички сигурен за живеење.
итн со други работи.
Ако си заинтересиран можиме подетално да седниме со некаква пијачка, па да разглобиме подлабоко во материјата.