Лесна вакви, Лесна такви, професионалци, најдобри монтери, Мишо експерт, еве одговор, не може тоа да се изведе. Му викам зошто не може кога кај моите дома моментално е така монтирано и се консултирав со други луѓе кои се разбираат, во случај кај моите погрешно да било монтирано нешто, они пак НЕ МОЖЕ. Причина, "не знам да ти објаснам, мора на лице место да видиш, не може никако да се изведе вратата да не лежи на мал дел на плочката", "не може касата да се повлече (

) за да се изведе тоа". Решение, "да ти го дадеме нашиот монтер на ламинат он да го израмни првин секаде подот, па после". Патем, нивниот монтер на ламинат не сакаше ни да разговара за случајов затоа што веќе сум го имал договорено монтерот од Квик Степ за нивниот ламинат.