Бидејќи на форумов има покадарни за оваа работа од мене, се обраќам за совет:
Треба да инсталирам 600м-800м пластични (PVC) пок канали на бетонски таван (висина 3.45м , кај носечки стуб 3.00 м). А да, ми треба и препорака за скала и од кај да ја зеам, постоечката е шит. Гледав некои германски скали во Акустик - Маџари, не се сеќавам какви во Елетктроелемент а Alpos словенските ги знам од времето и тие што ги имам уште ме служат - не се секаќавам во која продавница ги гледав.
Прв избор нормално е со ударна бушилица ака хилта, имам и голема за рушење ѕидови и мала која ја купив специјално за оваа намена -
Dewalt D25012K). Но овој систем на работа ќе одзема доста време.
За работата да оди побрзо и полесно ги разгледувам пиштолите за пукање на клинци во бетон:
1.
Makita GN420CSE работи на 7.2V батерија и на гасна каписла (трае ~1000 шајки) , цена околу 1000 евра
2.
Makita AN250HC цена околу 800 евра + морам да купувам копресор кој може да постигне
најмалку 12 бари.
Кога зборев во продавница продавачите ми рекоа дека најверојатно поради високиот притисок со кој клинците се пукаат т.е. коваат (наменети се најчесто за заковуваат дрво во бетон) ќе ги пукнат пок каналите бидејќи се пластични. Деновиве треба да имам демонстрација на некоја од горенаведените машини на лице место.
Ваше мислење/искуство/предлог/решение?