Чим има луѓе што се занимаваат со граџевиња, ајде совет да ми дадете.
Кое е најпаметно решение да ја заградам терасатам, бидејќи дува у п.м. Значи нема да се прави соба за спиење или слично, туку сакам да ја заштитам од дожд и ветар, летно време би се користела како нормална тераса.
Се мислам дали да ја преградам со прозори, од кој сите би се отвоарале, и би добил стакларник, кој ќе ме свари летно време а ќе биде одлична изолација за зимно време, или пак да ставам од оние најлоните што ги ставаат по кафичи и се собираат во ролна, како зимно време би спречил цело ѓубре од доле на некој чуден начин го дува ветер и е кај мене на тераса, ама затоа би добил потполно функционална тераса летно време и никаква или незначителна изолација зимно време.
Периодов планирам и да прошетам по фирмиве да се распрашам, ама ако има некој искуство, секаков совет е добредојден.