Ставена е кошулица и на приземниот дел. Сакав да прашам, дали стиропор се става под кошулицата или над (под плочките)? Ако е под кошулица, како истата не пука? Како да проверам дали е ставен стиропор, освен со дупчење? Имаше едни направи со метален тег кој паѓа по шина од одредена висина и се мери отскокот по ударот ... Платена е, а не видов ни микрон трага од стиропор наоколу кој е лесно ронлив, а и сигурно би останало некој сантим фира-баш ми требаше да фрлам над водомерот и вентилите за вода, температурите се ниски - не дај Боже да смрзнат, а сеуште дупките не се затворени ... Хммм ај ќе дојдам со Ивица од ЗИМ, они меѓудругото се бават и со оваа проблематика ... Пунетица е испод, бетонска плоча, па плочки - има да ти се залепат нозете коа ќе згазнеш у зима ако нема термо кошулка, ама па у тој случај ќе монтирав подно греење ...
Aх бе ЏиЏи не слушаш паталци него гаталци..
Под кошулицата се става стиропор, не под плочките.
Значи прво ставаат стиропор, 1 цм, тврдо пресуван, минимум 20 килски да биде. Врз него најлон, и потоа доаѓа бетонот, односно кошулката...Во принцип на секој зид се става исто така од стиропорот, нели, за да се направи термо бариера. Што значи би требало да се гледа стиропор на краевите. И ако има стиропор, кошулицата ке тропка кога ке одиш, нешто налик на не добро залепена плочка...Ке имаш таков впечаток.
Еве како се одвиваше ставањето кај мене на кошулицата:




Значи колку што можеш да видиш на крајчињата се познава стиропорот, кој одкако ке се исуши кошулицата, два три дена, со помош на скалпер се подсекува. Тоа е тоа воглавном.
Ај сеа еден мал апдејт кај мене што чепнав викендов...Имено вратите ми се стигнати одамна, но од тоа што немам воопшто време не можам да ги монтирам...
Вратите се од следниов производител:
http://www.westag-getalit.de/en/doorsframes/Купени се преку Роллпласт, одлично оригинално германско производство. Можеби цената е малку посолена, но решив да ставам квалитетни врати. Искрено, кеиф ми беше

+ ме фати некоја амнестија, кичма, па не пушта, ама денес решив и неа да ја игнорирам и малку да почепкам со работиве...Спакувани две каси за вратите, а потоа почнавме со монтажа на лајсните. И тие се од дамна спремни и чекаат за монтажа

Една соба е комплет и една до пола...Полека ке се кројат и другите, па се надевам дека здравје боже до крајот на наредниот викенд ке биде се со лајсни, нормално колку ке ми дозволи слободното време...За уселување не ми е нож до коска, така да одиме пополека но со сигурни чекори

Ситници се во прашање, па полека со кеиф се средуваат. Еве некоја сликичка од сработеното. Можеби ке ве интересира









Следно беше кроење и монтажата на лајсните:



Неверојатно е како секој еден детал доаѓа до израз...Ситници се, но едноставно го комплетираат просторот

Поздрав до следниот апдејт
