Автор Тема: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW  (Прочитано 6448 пати)

Отсутен StenmarC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« на: 01 Март 2012, 15:15:28 pm »
Еве го и моето "милениче".
Го купив пред неполн месец од Софија (увезено од Италија). 2003 година е јануари месец. Не сум го сликал сеуште. Ова се сликите од огласот :)
Сега за сега сум презадоволен. За околу 3600 евра  (+ 280 евра за зимски гуми) мислам дека е одличен избор.

















« Последно менување: 01 Март 2012, 15:58:27 pm StenmarC »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #1 на: 01 Март 2012, 15:51:42 pm »
Не можеш да атачираш слики од Google Mail. Стави ги на Imgur или Pic.mk па линкај ги.

Отсутен StenmarC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #2 на: 01 Март 2012, 15:59:09 pm »
Помислив на тоа, ама ми ги отвараше со друг браузер па си реков ај... Еве сеа ги сменив :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #3 на: 01 Март 2012, 16:10:11 pm »
Честитки и многу безгрижни километри, колата изгледа ептен сочувано, беше еден од потенционалните избори кога барав кола.

За понатака можеш 16“ и си завршил работа.

Цената којашто ти искочила е ептен ТОП, тоа е претпоставувам до регистрација така?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #4 на: 01 Март 2012, 16:11:41 pm »
Добре дојде пријателе на форумот,многу безгрижни километри,одличен избор си направил,дај пиши повеќе инфо околу колата,км,потрошувачка,брзина,забрзување,дефекти,...и колку те фатија давачките кон РМ...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен StenmarC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #5 на: 01 Март 2012, 16:21:44 pm »
Честитки и многу безгрижни километри, колата изгледа ептен сочувано, беше еден од потенционалните избори кога барав кола.

За понатака можеш 16“ и си завршил работа.

Цената којашто ти искочила е ептен ТОП, тоа е претпоставувам до регистрација така?

Да да, до регистрација е. Сега да потсоберам парички па ќе земам алуминиумски фелни. Старите гуми (летните) ми се во софија (уште 3). Ќе ми ги носи другар ми една по една :) Океј се само 15 ки се :/


Добре дојде пријателе на форумот,многу безгрижни километри,одличен избор си направил,дај пиши повеќе инфо околу колата,км,потрошувачка,брзина,забрзување,дефекти,...и колку те фатија давачките кон РМ...

Овие денови, откако се стопли, вожња низ град просекот е 7,3 литри на 100 (со поминати 90тина километри), ама не е низ гужвиве. Во шпицот може ќе иде накај 8. Додека беше ладното идеше околу 8,5.
Брзината е супер. Бев до Тетово викендов и ја пробав нешто над 190 км/час. Забрзувањето е ок, со оглед на тоа дека е 1,3 тони.

Мали „дефекти“ има. Не работи апаратчето за прскање вода за брисачи и одоздола тропка нешто на дупки - дали се зглобови не знам. Не се разбирам. Имам личен мајстор, он ќе му ја мисли :) Другото е се ОК.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #6 на: 01 Март 2012, 16:28:07 pm »
Ке се среди полека полека,инаку зглобот крцка кога ги вртиш тркалата лево и десно(пример лево или десно ти се свртени и тргнуваш)...Ке провериш можно е некои гумици да се оштетени,чаури и сл....
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен StenmarC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #7 на: 01 Март 2012, 16:28:46 pm »
Инаку давачките се:

Во Софија давачки за регистрација, технички преглед,  таблици, осигурање и за типот што ги трчаше работите 150 евра
На граница на терминал 1500 денари
На влез во шпедиција 1200 денари
Царина + акциза + што ти ја знам што (со попуст:) )  680 евра
ТИФ 3900 денари
хомологација 2500 + 500
технички преглед 4600
осигурување 8510
сообраќајна + таблички 1600 денари
преводи на документи и заверка на нотар 3000 денари

Отсутен StenmarC

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #8 на: 01 Март 2012, 16:30:16 pm »
Ке се среди полека полека,инаку зглобот крцка кога ги вртиш тркалата лево и десно(пример лево или десно ти се свртени и тргнуваш)...Ке провериш можно е некои гумици да се оштетени,чаури и сл....

Кога вртам не крцка, него на дупки се осеќа доста тропање. Ќе да се некои гумички... :/

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #9 на: 01 Март 2012, 16:32:46 pm »
Пошо си нов член би те посоветувал(најдобронамерно да ги прочиташ прво правилата,да не те караат :)),инаку ке си ја провериш и ке си ја средиш не е ништо страшно,и уживај на форумот,ке добиеш доста добри информации од Италијанското Лоби на форумот :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #10 на: 01 Март 2012, 16:37:25 pm »
Супер возило, со здравје да си го возиш :)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #11 на: 01 Март 2012, 17:02:26 pm »
супер количе си зема,тоа што тропка може да се буфер гумите на амортизерите

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #12 на: 01 Март 2012, 17:33:20 pm »
Здраво „колега“ Stenmarc, имаш најубаво ауто на форумов, мора да ти кажам, тие што не мислат така - само ти завидуваат :D
Серијата 2003-та е идеална за Stilo, тоа е последна година пред фејслифт, има многу опрема и најголемите „електрични“ бубачки се исправени (мала ревизија има во 2003 година.
Моторот е одличен, ем издржлив ем моќен, и најнепроблематичен.
Ми се свиѓа автоматската клима, не ми се свиѓа афтермаркет радиото (стави некое дабл-дин више кога не е оригинално).
Она што ти тропка, се (вертикални)спони на баланс штангла, и ефтини се и лесно се менуваат.
Бандафче 17-ка а не 16-ка :) и мало спуштање :)
Поздрав и уживај во форумов :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #13 на: 01 Март 2012, 17:36:49 pm »
Така е Симо!

Такви спони имаат другиве коли?

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Fiat Stilo 1,9 JTD 85kW
« Одговори #14 на: 01 Март 2012, 20:05:57 pm »
@Stenmark-со здравје да се возиш,добро изгледа стилото,
@Deni-мислам дека повеќето коли имаат-кај PSA тоа се стабилизатори.