Автор Тема: MP3 + USB Адаптери за возила  (Прочитано 8583 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
MP3 + USB Адаптери за возила
« на: 01 Март 2012, 09:42:49 am »
Кажи ми нешто повеќе за модулаторот, како си задоволен, од каде го зема, се губи ли многу на квалитет и јачина на звук?
Мене ми делува за многу практична работа за секојдневно слушање музика на стари фабрички радија што немаат УСБ приклучок.
« Последно менување: 01 Март 2012, 13:45:39 pm zeroSignal »

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29675
    • CARclub.mk
Одг: Sony CDX-L250 + Mp3 Modulator
« Одговори #1 на: 01 Март 2012, 11:20:04 am »
Од искуство, FM модулаторите се промашај, али на некого ќе му задоволат потреби. Ја да сум на твое место би инвестирал или во ново радио, или во USB-MP3 адаптер.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Sony CDX-L250 + Mp3 Modulator
« Одговори #2 на: 01 Март 2012, 11:40:35 am »
Промашај се за некој кој планира да инвестира во квалитетно озвучување, додека за некој кој не сака да го чачка оргиналното радио а притоа му треба усб не е толку лоша работа, само што и меѓу модулаторите има разлика во квалитет па треба да се начека некое поасално.

Јас имам еден(го ставив баш поради тоа да не го нарушувам фабричкиот изглед) и за на пат го користам највише. Звукот е солиден, не се јавуваат сметњи и дисторзија на звукот на некоја средна јачина. Но на појако веќе се осеќа, така да како што кажав, за нормална употреба не е лоша работа + евтино е, па и да не ти се свиѓа нема што да жалиш за парите :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Sony CDX-L250 + Mp3 Modulator
« Одговори #3 на: 01 Март 2012, 11:44:49 am »
OT каков е тој МП3 УСБ адаптер!?

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Sony CDX-L250 + Mp3 Modulator
« Одговори #4 на: 01 Март 2012, 12:03:57 pm »
@Deni

МП3 УСБ адаптер се приклучува на излезот на шаржерот на фабричкиот ЦД плеер, со што го лаже дека има шаржер но всушност е усб,сд и аух во повеќето  случаеви. И со тоа функционираат командите на волан(доколку ги имаш). Мислам дека Гојдо имаше туторијал за вградување на неговата мазда. Но тие адаптери коштаат колку нов цд плеер, а и кај нас не се наоѓаат многу лесно, зошто мора да бидат точно за тој модел на радио.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Sony CDX-L250 + Mp3 Modulator
« Одговори #5 на: 01 Март 2012, 12:15:31 pm »
Најпрвин извинување до авторот на темата што малку избегавме.

Тоа и ми е поентата, мене сеа за сеа, ми треба некакво дрнкало бидејќи и така слушам само радио (фабричкото е со касети :) :) :) ) па ова ми е ефтина инвестиција за привремено, бидејќи приоритет за колата моментално ми се задни гуми и регистрација.
Затоа ми е прашањето, ако дава ист квалитет (или приближно) како радиото што моментално 100% од времето го користам, да си зеам еден од Анхоч и да свиркам :) или препорачајте од друго место

http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?pid=11973

А инаку ако планирам нешто квалитетно, дефинитивно би идел на МП3 УСБ адаптер, бидејќи некако не и личат на колата афтермаркет радија, башка и додека да најдеш/порачаш рамка за истото ....

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Sony CDX-L250 + Mp3 Modulator
« Одговори #6 на: 01 Март 2012, 12:19:41 pm »
Јас би ти препорачал да тркнеш до Авто Лидер во Чаир. Имаат огромен избор и ефтини цени.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Sony CDX-L250 + Mp3 Modulator
« Одговори #7 на: 01 Март 2012, 12:21:20 pm »
Нешто налик ова во Анхоч?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Sony CDX-L250 + Mp3 Modulator
« Одговори #8 на: 01 Март 2012, 12:28:00 pm »
Ко од анхоч имам јас и ок е брка работа

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Sony CDX-L250 + Mp3 Modulator
« Одговори #9 на: 01 Март 2012, 12:32:54 pm »
@AllMightyMe

Имаат секакви, од различни дизајни, со даљински за волан а мислам дека имаа и со блутут конекција за телефон(само поскапи беа). Најубаво ти е да тркнеш па ќе видиш.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8125
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Sony CDX-L250 + Mp3 Modulator
« Одговори #10 на: 01 Март 2012, 13:30:32 pm »
Може ли тука да подискутираме за сите можни решенија на овој пробле.
Мене ова ми е многу важно, на сред БОСE вуфер+звучници+појачало јас си имам касетен плеер над борд  >:(

Има ли кај нас од каде да се купи нешто поквалитетно како мп3 усб адаптер?

Shoot  :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Sony CDX-L250 + Mp3 Modulator
« Одговори #11 на: 01 Март 2012, 13:33:43 pm »
Класен, не е лошо разговорите од
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,3604.msg174783.html

да се префрлат овде, а пак ич ама ич не би било лошо :) :) :) (ако му одговара и на авторот на темата) ова да иде во Аудио & Видео


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29675
    • CARclub.mk
Одг: MP3 + USB Адаптери за возила
« Одговори #12 на: 01 Март 2012, 13:45:48 pm »
Средено директоре. :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: MP3 + USB Адаптери за возила
« Одговори #13 на: 01 Март 2012, 13:47:28 pm »
Значи како се разбираме  :-* ;)

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: MP3 + USB Адаптери за возила
« Одговори #14 на: 01 Март 2012, 14:18:10 pm »
Може ли тука да подискутираме за сите можни решенија на овој пробле.
Мене ова ми е многу важно, на сред БОСE вуфер+звучници+појачало јас си имам касетен плеер над борд  >:(

Има ли кај нас од каде да се купи нешто поквалитетно како мп3 усб адаптер?

Shoot  :)

Од кај нас тешко да најдеш некој да има на лагер, единствено да ти нарачаат па да мавнат маржа, и на крај ѓавол и пол. Мислам дека најисплатливо би ти било само да си го нарачаш, и рачунај дека минимум 90 евра ќе те кошта. Но затоа ќе имаш фабрички изглед со „понова“ технологија.

Еве нешто на нет што најдов, колку ориентација за цена да видиш:

http://www.carmediastore.com/en/audio-video-interfaces/interfaces-usb-sd-mp3/phonocar/usb-sd-mp3-interface-fiat-lancia/5-847_0.html

http://www.bigdogaudio.de/ipod-adapter-multimedia-sd-card-usb-mp3-player-car-pc-adapter/lancia/index.html