Со тоа што ќе свирнеш и ќе се изнервираш, ти:
-нема да му го промениш психичкото здравје на шупакот што застанал кај му текнало и блокирал пат, ти се убутал у лента без предходно даден знак, ти пресекол пат со 200, ти излегол од споредна уличка иако те гледа дека си блиску (у последно време приметив дека не ни гледаат дали иде некој), ти вози од позади со неартикулисан ксенон или фарови што светат кон вселената итн. итн. да не набројувам.
За ТИ да не се нервираш и пцуеш, мора да се потрудиш да ги прифатиш сите тие работи, иако се ПРЕмногу и секако си треба време, мене добро ми иде иако бев доста нервозен возач.
Со самото прифаќање, нервозата значително ти ја снемува, и се фокусираш на оние ДОБРИТЕ работи во сообраќајот, внимаваш повеќе на пешачки премини, пропушташ возила кои ти сечат пат доколку си во можност дали на раскрсница или при приклучување во сообраќај, на дождливо време си повнимателен да не испрскаш некој пешак, у задње време, посебно кај таксисти, ги известуваш дека немаат добро врата затворена итн. итн. и за сите овие работи си поздравен и те тера да ги повторуваш, пошто лично мене ми е убаво.
Е сеа си има едно АМА, ама многу е ретко, пошто жив чоек знае да греши.
Не се нервирајте за глупости.