Радовиш- Штип, село Балталија, врне истура, отворениот гепек на Yeti- то под агол од 90 степени, му служеше на полицискиот службеник како стреа додека мереше со радар. Ме застана бидејќи сум возел 73 на дозволени 50 или 60, но ме пушти по дискусијата за убавата миризба на саздрмајлиите од Радовиш која се ширеше од задното седиште.