Mе нервираат МИДА што новото Волво XC60 на радио го рекламираат со се цена (од само 50.999 евра) и призвук како да се работи за производ по достапен за широките маси од Стоби флипс.
Уствари МИДА ме нервираат уште од напуваната презентација на XC90...(или како веќе беше) во МКД кој го купија вкупно двајца.
Факинг прикс.
Има луѓе за кои што таа сума е Стоби Флипс. За секој производ има купувач. Deal with it. Или и на нив ќе идеш да им ги искршиш колите?

Не ја сфаќам потребата да рекламираш кола од 25000+ евра на радио.
Тој што сака таква кола, знае што сака и зошто сака и сам ќе ти дојди во салон.
Можеш да ги убедуваш оние до 15000 евра со попусти и со акции.
Не е поентата да рекламираш кола од 25.000 евра или повеќе. Поентата е да рекламираш. Да те има цело време по медиуми, по билборди, ваму-онаму. За коа човек ќе реши да купи кола,
да му текне воопшто на твојот бренд. Во голем дел, ради таквото „нас реклама не ни треба, нашите коли сами се продаваат“ на времето пропадна Мак Кар. Volvo во Македонија нема brand recognition каков што има Mercedes, или Audi, или BMW. Треба да работат на тоа, и тоа многу, и со години, за да стигнат да се мерат како што треба. Делумно, тоа се прави и преку константна медиумска присутност.
Во денешно време, особено на ваков пазар тупав каков што е македонскиот, треба цело време и интензивно да се рекламираш. Паметно да се рекламираш, се разбира, да не ги фрлаш парите во ветер, меѓутоа да се рекламираш цело време. Непрестајно. На Телеком му требаат реклами? На Кокакола и требаат реклами? Реално, не. Ама заоѓаат од пари фрлање за реклами.