Си ја возам колава на паркинг и преминувам преку главен пат со 20km/h кај шампионче, постар човек можеби 60-65години стои со велосипедот на пешачки залепен за тротоар со свртена глава накај продавницата и најверојатно муабет си праеше (незнам точно, не сакам да судам без да знам), кога дојдов скоро до него типов од нигде никаде си ја качи едната нога на педала а со другата со оттурна од тротоар. Среќа што возев толку споро, успеав да го избегнам на лево и да закочам. Од вакви работи купив камера за в кола ама не ти ја признаваат на суд. Инаку кога ја преминуваш главната улица кај триаголникот (пред шампионче), денски а богами и навечер мораш да тргниш со 5000 обртаи за да не те собере некоја будала која што вози со 70-80km/h, а неможиш да го видиш бидеќи е кривина.