Правевме математики со друштвото колку луѓе патуваат само за работа на релација Гостивар - Скопје. Има два редовни превозници што пуштаат по 2 полни автобуси во 6 сабајле, по 3 полни автобуси во 7:00/7:30, и има МНОГУ што патуваат по 4-5 во кола за да делат трошоци. Од прилика 1000 луѓе секојдневно мигрираат ГВ-СК за работа, и тоа го прават со години.
90% од тие што ги знам и патуваат за работа би се преселиле во Скопје без око да им трепне, доколку им било стамбеното прашање решено. Со чест на исклучоци, ама малите градови се мртви. Скопјани не го ценат доволно фактот што се извонредно привилегирани со разно-разни afterwork активности, и стануваат кенкачи за баналните работи како „има гужва додека стигнам до работа“. Во Гостивар нема гужва до работа, ама после работа сериозно треба да се замисли човек дали да го земе далечинското и да кликне, или истото да го направи со пиштол.